Последна пленарна седница пред почетокот на изборната кампања. Ќе се носи Декларација за одржување на фер, слободни и демократски избори, предложена од Гаши. Претходно, два часа пратенички прашања од опозицијата.
Миле А. Ристески е во Собранието.
Последна пленарна седница пред почетокот на изборната кампања. Ќе се носи Декларација за одржување на фер, слободни и демократски избори, предложена од Гаши. Претходно, два часа пратенички прашања од опозицијата.
Миле А. Ристески е во Собранието.
Вкупен број на граѓани кои се провериле во Избирачкиот список е 6.787 – информираат Државната изборна комисија.
Рокот за проверка во избирачкиот список заврши вчера на полноќ.
Вчера во 18:40 часот во с. Трубарево, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Љ.С.(75) од с. Трубарево, информираат од МВР.
СДСМ во Кочани ќе трча со свој кандидат за градоначалник, различен од натпартскиот за којшто застана ВМРО-ДПМНЕ. На седницата на Извршниот одбор на партијата се потврдени уште четири кандидатури.
Тројца работници загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајната несреќа што утринава се случи на експресниот пат Штип-Радовиш, кај мостот на Балталиска Река, во близина на селото Лакавица. Комбето со кое се превезувале работниците излетало од патот.
Денеска на територијата на државава има вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои активни нема, под контрола е еден, а 13 се изгаснати. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК),под контрола е пожарот во депонијата Дрисла во Општина Студеничани каде гори ѓубре.
Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш. Комбе кое превезувало работници утринава излетало од мостот на Балатилиска река. Според првичните информации, има починати и повредени лица.
Во судницата во затворот „Идризово“, ново рочиште за 9-мина обвинети, членови на криминалната група „Беланоца“. Обвинети се за најмалку осум убиства, злосторничко здружување, изнуди, закани и дрога.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.