Министерството за здравство попладнево информираше дека ја следи состојбата со пожарот во скопско Трубарево и оти неговите служби се подготвени за постапување согласно со нивните надлежности.
-
Македонија 13.09.2025 17:55
-
Македонија 13.09.2025 17:32
Последен ден за поднесување кандидатури
Оние кои сакаат да станат градоначалник или советник во советите на општините, треба да побрзаат. На полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за локалните избори, закажани за 19-ти октомври.
Известува Миле А. Ристески
-
Македонија 13.09.2025 17:14
Пожар во фабрика го обви Скопје во црн чад
Стравотен пожар во фабрика за електронски отпад во Трубарево. Противпожарните екипи со часови се борат со огната стихија. Се гасне и со авион и со хеликоптери. Буквално од сите делови на метрополата се гледа големиот црн чад.
-
Македонија 13.09.2025 16:45
Продолжува затрупувањето на „Дрисла“, жителите на Батинци најмногу го чувствуваат загадувањето
Загадувањето на воздухот предизвикано од „Дрисла“ го чувствува цело Скопје, но најкритично е во село Батинци, кое е во непосредна близина на депонијата.
-
Македонија 13.09.2025 16:26
Никој не е имун на аерозагадувањето
И зима и лето – загадувањето го загрозува здравјето на луѓето. Освен респираторниот систем, ги напаѓа сите органи, алармираат лекарите. Најчестите симптоми на кои се жалат граѓаните се интензивна кашлица, малаксаност, болки во градите.
-
Македонија 13.09.2025 15:57
Лишени од слобода тројца возачи во Куманово, управувале возила под дејство на алкохол
На 12.09.2025 во 22:19 часот на магистрален пат А2 во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода М.П.(40) од Куманово.
-
Македонија 13.09.2025 15:30
Густ чад над Скопје, гори фабрика за преработка на отпад во Трубарево
Фабрика за преработка на отпад во село Трубарево, општина Гази Баба, е зафатена од голем пожар. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека станува збор за сериозен и тежок пожар за гаснење поради материјалите што горат, а се слушаат и детонации.
-
Македонија 13.09.2025 14:42
Охрид испраќа уште една солидна сезона
На залезот на туристичката сезона, првите оценки покажуваат дека Охридското Езеро испраќа уште едно успешно лето.
-
Македонија 13.09.2025 13:46
Во Куманово недостига кадар, но има и голем број невработени лица
Наставници по физика, математика, физичко образование недостигаат во Куманово. Од Агенцијата за вработување апелираат младите да ги изучуваат овие дејности. Појаснуваат врз основа на анализи и потребата на пазарот, се прават квалификации и доквалификации. Миграцијата си го прави своето.
-
Македонија 13.09.2025 13:22
Младите избегаа од нивите, производството стагнира
На струмичките ниви лотарија е да се види млад земјоделец-вака коментира Драги Памуков од Куклиш. Според него, тоа е и клучниот проблем што се намалува производството на зеленчук во струмичкиот регион.









