Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во соодветните одделенија.
-
Македонија 27.08.2025 14:56
-
Македонија 27.08.2025 14:02
УХМР: Сончево и топло до сабота
Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури, кои ќе достигнат до 38 степени, соопшти УХМР.
-
Македонија 27.08.2025 13:37
Климатски промени, загадување, експлоатација- бројни закани за езерата во земјава
Соочени со климатските промени, загадувањето и прекумерната експлоатација – Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро ја губат својата убавина и биолошка разновидност.
-
Македонија 27.08.2025 13:26
Ново рочиште за напаѓачот на Арсовска
Судењето за нападот врз градоначалничката Арсовска продолжи со сослушување на медицинскиот вештак и полициските службеници. Одбраната на обвинетиот најави кривична против Арсовска за напад и недозволено снимање.
Рочиштето го следеше Ирина Гелевска.
-
Македонија 27.08.2025 13:17
Филипче: Власта ја разгорува инфлацијата
Откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт минималната кошничка секој месец урива рекорди, се живее сè потешко, обвинуваат социјалдемократите. Опозицискиот лидер со став – власта ја разгорува инфлацијата полнејќи го Буџетот, а не презема ништо за растот на цените.
-
Македонија 27.08.2025 13:14
Одлеани пари во приватни клиники
Над 105 милиони евра од Фондот за здравство завршиле во касите на двете најголеми приватни болници за кардиолошки интервенции во последниве шест години. Обвинувањата на кардиологот Сашко Кедев дека дел од операциите биле непотребни – ја отворија пандорината кутија во здравството.
-
Македонија 27.08.2025 12:19
Приведени тројца осомничени за убиството во Кавадарци
Полицијата соопшти дека рано утрово во Кавадарци се случило убиство. По физички напад врз сограѓанин, извршено од три помлади лица, 42-годишниот П.Т. паднал на земја. Откако екипа на Итната помош била повикана, таа констатирала смрт кај лицето, поради повреди на глава.
-
Македонија 27.08.2025 11:40
ДЗР: Доцни Законот за климатска акција, државата без систем за справување со климатските промени
Одложувањето на носењето на Законот за климатска акција, што трае повеќе од пет години, негативно влијае врз институционалната координација и комуникација во справувањето со климатските промени, утврди Државниот завод за ревизија во најновиот извештај.
-
Македонија 27.08.2025 09:44
Муцунски за „Политико“: Нема уставни измени, ако не добиеме цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното барање од Софија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „Политико“ изјави дека Северна Македонија е подготвена да ги спроведе сите неопходни реформи, не само поради барањата на ЕУ, туку и за посилно општество.
-
Македонија 27.08.2025 09:35
Управниот суд треба да се произнесе по тужбата на Шеху
Истекува рокот од 48 часа, Управниот суд треба да се произнесе по тужбата на членот на Државната изборна комисија од ДУИ, Дитмире Шеху. Од Управен соопштија дека отвориле предмет.










