Основното јавно обвинителство Струга поведе итна постапка и по обезбедување на доказите поднесе Обвинителен предлог против две полнолетни лица од селото Радолишта, кои се обвинети дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 30.06.2025 19:46
-
Македонија 30.06.2025 18:29
Приведена радовишанка, возела под дејство на алкохол, предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот
Вчера во 06.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Т.К.(19) од Радовиш, информираат од МВР.
Таа на ул. „Самоилова“ во Радовиш, управувајќи моторно возило предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот.
-
Македонија 30.06.2025 17:18
Обвинувања за тендери во МВР
СДСМ да каже дали фирмата која стопанисува со полигонот во Ресен е во сопственост на нивен партиски член, а врз основа на која е доделен огласот за испитен центар во Пелагонскиот регион.
-
Македонија 30.06.2025 16:36
Ризик од билатерализација на пристапниот процес
Брисел и Софија имаат различни барања за Македонија да почне отворање на поглавја.
-
Македонија 30.06.2025 16:15
Девојче со македонско потекло се удави во Италија
Семеен излет се претвори во трагедија во Италија откако деветгодишно девојче со потекло од Македонија се удавило во реката Пјаве во близина до Сан Џакомо ди Педероба во Тревизо. Девојчето се капело со своите браќа и сестри, кога родителите забележале дека ја нема откако ја однела струјата.
-
Македонија 30.06.2025 15:31
Онкологија: Има терапија за болните од рак
Пациентите добиваат замена за двата лека кои ги нема во моментот на Клиниката за онкологија. Замената е еднакво ефикасна како и лекот којшто недостига, објаснува првиот човек на Клиниката за онкологија.
-
Македонија 30.06.2025 15:15
Филипче: Декларативни заложби за интеграцијата
Резултатите и политиките кои се носат јасно укажуваат дека владата на Мицкоски го има напуштено патот кон Европската унија – вели лидерот на социјалдемократите, Венко Филипче.
-
Македонија 30.06.2025 14:40
Втора шанса за упис во средните училишта
Полуматурантите денеска електронски се пријавуваат за вториот уписен рок во средните училишта, а утре ќе ги поднесат документите. Се зголемува интересот за стручните училишта споредено со гимназиските.
-
Македонија 30.06.2025 14:13
Расте опасноста од пожари
Летото ги донесе првите пожари. Гори жито, трева, ниска вегетација, магацини, мешана шума. Ама и никако да ни се сменат навиките, бројни меѓу нив се ѓубришта од дивите депонии, кои се закануваат на ближни куќи и објекти.
-
Македонија 30.06.2025 13:48
Кривична пријава против три лица за нелегална сеча во Националниот парк Маврово
СВР Тетово поднесе кривична пријава против три лица – директорот на Националниот парк Маврово, раководител во установата и вработен во Министерството за земјоделство, поради незаконска сеча на заштитена шума.










