Екипите на Македонската телевизија се распоредени низ целата земја. Во Чаир каде што се очекува неизвесно изборно соочување пријавени се тројца кандидати.
Како тече гласањето во Општина Чаир известува Анита Никушева.
Екипите на Македонската телевизија се распоредени низ целата земја. Во Чаир каде што се очекува неизвесно изборно соочување пријавени се тројца кандидати.
Како тече гласањето во Општина Чаир известува Анита Никушева.
Граѓаните гласаат за кандидатот кој сакаат да раководи следните 4 години со нивната општина и со главниот град. Со различни очекувања се зависно потребите велат.
Најголема излезеност има: Берово 13,51 процент; Богданци 14,55 пр
За време на предизборниот молк, во текот на 18.10.2025 до 07:00 часот на 19.10.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, потоа СВР Велес – три, по два настан
Според единствениот Избирачки список, право на глас во Битола имаат нешто повеќе од 77 илјади избирачи, распределени на 170 гласачки места.
Од Битола известува Ружица Ѓоршевска.
Репортерите на Македонската телевизија во текот на целиот ден ќе бидат на терен во целата држава, со информации за текот на гласањето. Гласачките места во Ченто навреме отворени.
Елизабета Мемиќ известува за гласањето во Ченто.
До 9 часот, од обработени 77 насто од пристигнатите податоци, гласале три проценти. Во Државната изборна комисија досега нема пријавено проблеми за текот на гласањето.
Каде има најголема излезност, а каде најмала, од ДИК известува Анита Димитријевска-Велковска.
Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 2,02 промили алкохол во крвта престигнал седум возила што биле застанати на црвено светло на семафор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Осмите Локални избори во земјава ќе ги мониторираат 1.451 домашни и странски набљудувачи. Државната изборна комисија акредитираше 807 домашни и 644 странски набљудувачи. Акредитирани за следење на изборите се и 12 странски новинари.
Одѕивот на локалните избори до 09:15 часот е три отсто, а гласале 41.890 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на ДИК, Борис Кондарко, споделувајќи податоци од 2.672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани.