Поради одржувањето на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан, денеска и утре во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќајот.
-
Македонија 30.06.2025 09:36
-
Македонија 30.06.2025 09:25
Втор уписен рок во средните училишта
Денеска е вториот уписен рок во средните училишта, а досега се запишани 17 илјади ученици. Министерката Јаневска најави дека од наредната година, уписот во средно ќе се одвива целосно електронски, без да треба документите физички да се поднесат во училиштата.
-
Македонија 30.06.2025 08:53
На „Богородица“ се чека до 40 минути, на „Табановце“ до 30 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.
-
Македонија 30.06.2025 08:52
Од утре Данска претседава со Советот на ЕУ
Под мотото „Силна Европа во светот што се менува“, Данска од утре, па до 31-ви декември годинава ќе претседава со Советот на Европската Унија. Најавува дека во тој период дека ќе се фокусира на изградба на безбедна, конкурентна и за зелена Европа.
-
Македонија 30.06.2025 08:39
Сончево и ветровито со температура до 37 степени
Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
-
Македонија 30.06.2025 08:37
Eврокомесарката Кос во дводневна посета на земјава
Eврокомесарката за соседска политика и проширување, Марта Кос денеска доаѓа во Скопје. Ќе присуствува на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи во Македонија, а е посветена на планот за раст.
-
Македонија 29.06.2025 19:30
Пожарот во Визбегово е ставен под контрола
Пожарот во Визбегово на дивата депонија е ставен под контрола по интервенцијата на противпожарната бригада со 7 возила и 20 пожарникари. На депонијата сè уште чади, па две екипи дежураат на терен.
-
Македонија 29.06.2025 18:44
Градското пристаниште во Охрид претесно за бродската флота
Во изминатиов период се расчистуваше езерското дно од тиња, наталожен песок и камења кај Градското пристаниште, а деновиве тој процес ќе се заокружи и на пристаништето во Свети Наум. Тоа ќе овозможи поголема безбедност на бродовите и зголемување на капацитетот на пристаништата.
-
Македонија 29.06.2025 17:32
Жртви во сообраќајка во Грција со македонски камионџија
Ослободен е македонскиот возач на камион кој беше уапсен по сообраќајната несреќа во која животот го загубија две лица, татко и син, а се случи на стариот пат Солун-Верија, близу до Халкидона.
-
Македонија 29.06.2025 16:42
Посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централн










