Експерт за пластична хирургија во посета на повредените во пожарот во Кочани кои се на рехабилитација на Пониква. Досега таму се сместени 46 пациенти. Што им е потребно и како може да им се помогне?
Известува Славица Величковска
Експерт за пластична хирургија во посета на повредените во пожарот во Кочани кои се на рехабилитација на Пониква. Досега таму се сместени 46 пациенти. Што им е потребно и како може да им се помогне?
Известува Славица Величковска
Нема нови информации од македонското Министерство за надворешни работи во врска со евакуација на наши државјани и членови на нивните семејства од Блискиот Исток.
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите, инфорираат од УХМР.
Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а на места ќе достигне до 40°C.
Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), имајќи ја предвид важноста на безбедноста, удобноста и достоинствениот студентски живот, достави две официјални барања до надлежните институции за подобрување на состојбите во домовите.
Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре треба да гласа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот за земјава Томас Вајц.
На дневен ред на Комисија за социјална политика, демографија и млади се 12 точки.
Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ.
Отчет за сработеното во првата година на Владата ќе одржат вечерва владините претставници во Скопје.
Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа на 21 јуни 2025 година (сабота) донесе три важни одлуки кои ја поставуваат идната политичка насока што води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност.
Сончево и топло – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 7 до 18 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 25 до 36 степени.