Серија земјотреси изутрина ги разбудија охриѓани. Најсилниот е почувствуван во 4 часот и 34 минути.
Колкава е јачината и дали има вознемиреност меѓу жителите и туристите, известува Соња Рилковска.
Серија земјотреси изутрина ги разбудија охриѓани. Најсилниот е почувствуван во 4 часот и 34 минути.
Колкава е јачината и дали има вознемиреност меѓу жителите и туристите, известува Соња Рилковска.
Тим од седум члена од Гетеборг, Шведска, е во Кочани за меѓусебни дискусии со локалната заедница. Како чин на солидарност по трагедијата во градот, шведскиот тим ќе го сподели своето искуство од пред 27 години – кога исто така се запали дискотека во Гетеборг и загинаа 63 млади лица.
Вкупно 22-јца македонски државјани побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во земјава. Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање, информираа од МНР.
Министерот за европски прашања и национален координатор за ИПА (NIPAC), утрово оствари средба со претставниците на Европскиот суд на ревизори, Бертран Танги и Ерик Котларик, во рамки на нивната ревизорска мисија за успешноста на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).
Вчера во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(56) од Скопје.
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал мајор Сашко Лафчиски, ќе учествува на дводневна Конференција за војување на копнените сили (Land Warfare Conference – LWC) во Лондон.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Тирана, Албанија каде што ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
Од денеска до четврток, тим од седум члена од Гетеборг, Шведска, ќе го посети Кочани.
Дваесет и двајца македонски државјани побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија. Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање, информираа од МНР.
Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 102 километри југозападно од Скопје, се регистрирани изутрината во 4 часот и 34 минути во охридскиот регион, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.