Засега нема алармантни пожари на отворен простор, но опасноста од нови разгорувања и натаму постои, велат од Дирекцијата за заштита и спасување. Според Центарот за управување со кризи, во изминатото деноноќие имало 31 пожар на отворен простор.
-
Македонија 10.09.2026 08:14
-
Македонија 10.09.2026 08:10
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 10.09.2026 08:01
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
-
Македонија 09.09.2026 20:52
Сали: Собранијата се во срцето на европската интеграција
Собранијата имаат клучна улога во процесот на европската интеграција и треба активно да го следат спроведувањето на реформите, порача денеска во Скопје првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали.
-
Македонија 09.09.2026 20:27
Серафимовски – Тигањ: Хрватското искуство е значајно за европскиот развој на македонското земјоделство
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ.
-
Македонија 09.09.2026 20:01
15-годишен битолчанец спаси бугарско семејство од давење во Грција
Борба за живот се водела во морето крај плажата во Олимпијада, Грција кога во тек на вчерашниот ден тричлено бугарско семејство очајно се борело со разбеснетите морски бранови. Од давење ги спасил петнаесет годишниот битолчанец Михаил којшто летува на истото место.
-
Македонија 09.09.2026 19:49
Приведен тетовец за издржување затворска казна од 18 месеци
Вчера во 14:15 часот на ул. „180“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Ф.Р.(50) од Тетово.
-
Македонија 09.09.2026 18:22
Тошковски во посета на Универзитетот во Тетово и СВР Тетово
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово, по што го посети и Секторот за внатрешни работи Тетово, каде со раководството разговараше за актуелната безбедносна состојба, предизвиците и резултатите
-
Македонија 09.09.2026 18:14
Мајстори нема, а работата профитабилна
Недели, месеци, многу нервоза, уште повеќе трпение се потребни да се најде мајстор за поправки во домот. Електричар, водоинсталатер, каков било мајстор ни за лек. Граѓаните со нервозни искуства.
-
Македонија 09.09.2026 17:19
Јаневска: Резултатите од ПИСА се лоши, реформите ќе дадат резултат по една деценија
Резултатите од ПИСА тестирањето се многу лоши, смета министерката за образование и наука Весна Јаневска. Информира дека сепак, станува збор за резултати од тестирање спроведено само шест месеци пред доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ.









