Не стивнуваат пожарите во Македонија. Регистрирани се 31 пожар на отворен простор, три се активни и четири се ставени под контрола.
Активен пожар има во општините Струга, Македонски Брод, Чучер-Сандево.
Не стивнуваат пожарите во Македонија. Регистрирани се 31 пожар на отворен простор, три се активни и четири се ставени под контрола.
Активен пожар има во општините Струга, Македонски Брод, Чучер-Сандево.
Полициски службеници од ОВР Дебар рано утрово лишиле од слобода 33-годишен жител на селото Новак, откако при претрес во неговиот дом во село Житинени, општина Центар Жупа, бил пронајден пиштол што нелегално го поседувал.
Во земјава досега се регистрирани 58 случаи на западнонилска треска, од кои 54 се потврдени, а четири се водат како веројатни. Осум лица починале, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во Прилеп, каде што ќе присуствува на официјалното отворање на новиот производствен погон на германската компанија „ВИК“ (WIK) во Технолошко-индустриската развојна зона.
Улогата на ефикасниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија ќе биде во фокусот на денешната конференција „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“, која ќе се одржи во Собранието.
Засега нема алармантни пожари на отворен простор, но опасноста од нови разгорувања и натаму постои, велат од Дирекцијата за заштита и спасување. Според Центарот за управување со кризи, во изминатото деноноќие имало 31 пожар на отворен простор.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Собранијата имаат клучна улога во процесот на европската интеграција и треба активно да го следат спроведувањето на реформите, порача денеска во Скопје првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ.