Правосудството да ја оправда довербата ако сака повисок буџет и повисоки плати за судиите и обвинителите. Премиерот Мицкоски дециден – и тие плати што ги земаат, не ги заслужуваат.
-
Македонија 23.09.2025 13:23
-
Македонија 23.09.2025 13:20
Неделава жрепка за гласачкото ливче
Македонија се подготвува за локалните избори. Повеќето листи се потврдени, неколку се отфрлени, в четврток ќе се одржи жрепка за распоредот на гласачкото ливче.Миле А. Ристески известува. -
Македонија 23.09.2025 13:13
Повторно неизвесност со градскиот превоз
Скопјани повторно се соочуваат со проблеми со сообраќајот. По обвинувањата од Град Скопје дека и покрај активниот договор, добавувачот ја прекинал испораката на нафта, и укажувањето на компанијата дека ЈСП натрупало огромен долг од милиони евра, во базите има нафта за да се покрие денов.
-
Македонија 23.09.2025 12:57
Инспекторите на ДСЗИ на терен, го проверуваат случајот со починатото девојче од Челопек
Прво во амбулантата на матичниот лекар, па во клиничката болница во Тетово, инспекторите на ДСЗИ на терен проверуваат дали има пропусти во патеката на упатување и третман на седумгодишното девојче од Челопек што почина во неделата.
-
Македонија 23.09.2025 12:18
Трајков-Хрицова: Словачка е силен поддржувач на Македонија на европскиот пат
Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска се сретна со амбасадорката на Република Словачка во нашата земја, Ивета Хрицова.
-
Македонија 23.09.2025 11:37
Семејството на Теодора гневно откако Апелација ја потврди пресудата за Пајазити
Семејството на Теодора Ристовска гневно, откако Апелацискиот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд во Тетово со која, обвинетиот Менсур Пајазити е осуден на две години затвор за сообраќајната несреќа во којашто загина 22-годишната девојка.
-
Македонија 23.09.2025 10:56
Полициски тим спаси планинари- белгиски државјани во општина Центар Жупа
Вчера во 19:13 часот во ОВР Дебар е примен повик за помош од страна на белгиски државјани кои планинареле во планинскиот појас над Дебар, но биле нападнати од кучиња.
-
Македонија 23.09.2025 09:28
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
-
Македонија 23.09.2025 09:20
ЦУК: Три пожари сè уште се активни, четири под контрола
Во Македонија до утрово во 07:00 часот регистрирани се вкупно 30 пожари на отворен простор, покажуваат податоците на Центарот за управување со кризи. Од нив, три сè уште се активни, четири се ставени под контрола, а останатите 23 се изгаснати.
-
Македонија 23.09.2025 08:37
Прекината испораката на нафта за автобусите на ЈСП
Испораката на нафта за автобусите на ЈСП е прекината, информираат од Град Скопје. Оттаму прстот го вперија кон „Пуцко Петрол“ и сопственикот на компанијата Јахоски, кој како што велат, соочен со обвиненија и уцени ја прекинал доставата на нафта, иако имал активен договор.










