Обвинителите почнаа со поединечно сослушување на семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. Целта е да им се овозможи тие да можат да се приклучат на кривичниот прогон.
Ирина Гелевска е пред Обвинителството.
Обвинителите почнаа со поединечно сослушување на семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. Целта е да им се овозможи тие да можат да се приклучат на кривичниот прогон.
Ирина Гелевска е пред Обвинителството.
Поранешниот министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу ќе биде предлогот на „Вреди“ за нов министер за здравство. Тој на позицијата ќе го замени Арбен Таравари, кој одлучи да оди во опозиција.
Мигрантите се откриени при детална контрола на две товарни возила со полски регистарски таблички, при влез во државата преку граничниот премин Богородица, каде биле сокриени во товарниот простор наменет за палети.
Нема повредени по оружениот инцидент што се случи синоќа во Тетово, кога кон куќа на улицата „111“ во населбата Теќе било пукано од автоматско оружје.
Денеска во 09 часот во с. Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Е.Х.(53) од с. Батинци, информираат од МВР.
Денес во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа официјалната церемонија на примопредавање на должноста директор.
Изборот на судии во Апелацискиот суд за потпретседателот на Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски е незаконски, а за претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски вели дека извршил и кривично дело.
Вчера во 00.23 часот на патот Ресен-Битола, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Р.Н. (47) од с. Златари, ресенско, информираат од МВР.
Стојанче Ангелов е именуван за вршител на должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), откако по договор со премиерот Христијан Мицкоски беше разрешен од позицијата директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Државната ревизија откри сериозни пропусти во процесот на дигитализација на матичните книги, кој трае повеќе од една деценија, а се инвестирани речиси осум и пол милиони евра.