Во големата судница во затворот „Идризово“, почна судењето за случајот „Адитив“ за злоупотреби при јавни набавки и перење пари. Има голем број обвинети, меѓу кои и екс-директори на ЕСМ и на РЕК Битола и Осломеј.
Викторија Милевска го следи процесот.
Во големата судница во затворот „Идризово“, почна судењето за случајот „Адитив“ за злоупотреби при јавни набавки и перење пари. Има голем број обвинети, меѓу кои и екс-директори на ЕСМ и на РЕК Битола и Осломеј.
Викторија Милевска го следи процесот.
Во Собранието, секој последен четврток во месецот е резервиран за седница за поставување пратенички прашања.
Марина Стојанова-Тонева известува од законодавниот дом.
Народна банка доби нов гувернер. Трајко Славески положи свечена заклетва и ги претстави приоритетите – ценовна и финансиска стабилност, поддршка на владините политики. Изборот на Славески се случи доцна синоќа, за него гласаа 68 пратеници, а 16 беа против.
Скопје има проблем со подигнувањето на сметот од контејнерите, градот е затрупан со ѓубре. Непријатна реа се шири на сите страни.
Обрасната трева и растенија, нечисти улици, полни контејнери и ѓубре на сите страни, вака изгледа Скопје. На секој агол, во секоја населба.
Eскалираа несогласувањата меѓу градоначалниците на Скопје и на Чаир, Арсовска и Ганиу.
Ганиу синоќа, собраниот смет од старата чаршија го истури пред просториите на градот, обвинувајќи ја Арсовска дека не го собира отпадот.
Правна рамка има, но помалубројните заедници тешко се снаоѓаат во општеството, иако се значаен фактор за кохезијата. Ромската, влашката и бошњачката заедница се најмалку застапени.
Клиниката за урологија испиша ново поглавје во македонското здравство. Кај тројца пациенти на возраст од 45 до 59 години се направени операции за вградување на првите пенилни протези. Двајца од нив, претходно биле оперирани од рак на простата, додека третиот страда од пејрониевата болест.
На 28.05.2025 во 10.00 часот на ул. „Коста Абрашевиќ“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.Р.(42) од Битола. Тој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во траење од пет години за извршени кривични дела по член 215 од КЗ.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на отворањето на Меѓународниот Астана форум 2025, што денеска и утре се одржува во главниот град на Република Казахстан на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината“.
Во сабота, на 31 мај, неколку скопски населби ќе се соочат со делумен прекин на водоснабдувањето, информира ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.