Во Генералштабот ќе се одржи тематски брифинг за почнувањето на активностите на мултинационалната вежба „Брз одговор 25“.
-
Македонија 21.05.2025 08:38
-
Македонија 21.05.2025 08:33
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 21.05.2025 08:09
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.
-
Македонија 21.05.2025 08:07
Во Кривичен ново рочиште за двојното убиство на Вања и Панче
Ново рочиште во скопскиот Кривичен суд за грабнувањата и свирепите убиства на Панче Жежовски од Велес и на Вања Ѓорчевска од Скопје, извршени на 22-ри и на 27-ми ноември 2023-та година. Треба да се изведуваат нови докази на Јавното обвинителство.
-
Македонија 20.05.2025 21:03
Претрес во Битола, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица
Вчера во 19.55 часот во село Лавци, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода М.К.(33), Д.П.(38) и Д.М.(36), сите од Битола, информираат од МВР.
-
Македонија 20.05.2025 20:45
Лишено од слобода едно лице од Неготино поради сомнение за „криумчарење мигранти“
По преземени мерки и активности, вчера во 12.00 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Б.П.(22) од Неготино, кој беше баран по централен распис поради сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фал
-
Македонија 20.05.2025 20:13
Перински во Делчево: Не запира поддршката за сите општини, градиме цврсти темели за подобар живот на секој граѓанин
Денешната посета на Делчево, министерот Перински и премиерот Мицкоски, ја искористија да извршат и увид на градежните активности на два од четирите проекти што се реализираат во Делчево, одобрени на првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти.
-
Македонија 20.05.2025 19:40
Сиљановска-Давкова: Родовата еднаквост не е давање предност, туку отстранување на пречките и создавање еднаков терен за сите
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на отворањето на настанот за промоција на наодите од Родовата самопроценка и Родовиот акциски план за унапредување на родовата еднаквост во Министерството за одбрана и
-
Македонија 20.05.2025 17:55
Се зајакнува медицинската поддршка на кочанската болница
Дарко Златев со изгореници на двете раце и со трансплантација на кожа после 40 дена лекување во Белград, десет дена е на физикална терапија во Кочани. Задоволен е од напредокот од терапијата и од посветеноста на медицинскиот персонал, но не и од условите во болницата.
-
Македонија 20.05.2025 17:36
Трет Форум за културна дипломатија во Скопје
„Културната дипломатија не е само средство за афирмација на националното културно наследство, туку и моќна алатка за градење мостови на разбирање и пријателство, особено во време на глобални предизвици“-посочи шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски на Третиот Форум за дипломатија.










