Се шверцувала стока, патни исправи, храна, а најмногу возила во текот на изминатата година, откри Царинската управа. Поднесени се дури 85 кривични пријави.
Борис Грујоски ги има деталите.
Се шверцувала стока, патни исправи, храна, а најмногу возила во текот на изминатата година, откри Царинската управа. Поднесени се дури 85 кривични пријави.
Борис Грујоски ги има деталите.
Нема веќе бариери за независните, Уставен суд ги укина измените на Изборниот законик, независните кандидатски листи ќе може да одат на избори со 1.000 потписи од изборна единица. Гласот на обичниот граѓанин не е заложник на прагови, судска одлука ја враќа еднаквоста во изборниот систем.
Битолската територијална противпожарна единица е првата и најстара организирана противпожарна служба во Македонија, но и на Балканот.
Тони Димитриевски од Куманово е пчелар повеќе од 15 години. Вели дека климатските промени го загрозуваат опстанокот на овие важни инсекти. Медот се намалува, заработката опаѓа. Килограм домашен мед чини од 600 денари.
Никој не се нуди за репреговарање на преговарачката рамка односно протоколите, вели претседателката на Македонија, Сиљановска-Давкова. Дополни дека воопшто не рекла дека преговарачката рамка ја потпишал ексминистерот Бујар Османи. Тоа не е наш акт. Тоа е на советот на ЕУ.
Министерот Муцунски оствари средба со поранешниот претседател на државата, д-р Ѓорге Иванов.
19-годишно момче од Струмица матурант во едно од средните училишта, вчера бил пронајден мртов во нива позади складот за дрва на шумското стопанство Беласица на влезот од Струмица.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, синоќа присуствуваше на Свечената Академија по повод 80 години од основањето на Црвениот крст на Северна Македонија.