Раководството на Формула 1 потпиша денеска договор за продолжување на соработката со патеката Барселона – Каталуња, која со тоа ќе остане во календарот на Ф1.
Спорт
-
Формула 1 17.02.2026 09:25
-
Фудбал 17.02.2026 08:48
Стартува нокаут фазата во Лигата на шампиони
Со четири натпревари вечерва почнува нокаут фазата за пласман во осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони.
-
Кошарка 16.02.2026 08:24
МЗТ Скопје го освои трофејот во македонскиот кошаркарски куп
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш покажаа дека немаат конкурент во македонската кошарка. Во финалето на купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ во Куманово го совладаа истоимениот домашен тим со 96:70.
-
Фудбал 13.02.2026 15:04
Масар Омерагиќ: Силни противници, но вистински тест за Македонија
Извлекувањето за петтото издание на Лигата на нации донесе сериозен предизвик на најдобрата македонска репрезентација. Во групата од сегментот Б ќе се соочиме со селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија.
-
Останати спортови 13.02.2026 10:11
ЗОИ 2026: Домаќинот Италија со најмногу медали
По шестиот ден на Зимските Олимписки игри домаќинот Италија е државата со најмогу освоени медали вкупно 17 (6 златни; 3 сребра, 8 бронзи). Најмногу златни медали има освоено Норвешка – 7 или имаат вкупно 14 медали. Вкупно 14 медали имаат и натпреварувачите од САД.
-
Останати спортови 12.02.2026 15:38
Цветановска го почувствува олимпискиот ритам, Карлсон златна на 10 км
Македонската нордиска скијачка Ана Цветановска го запиша својот олимписки настап на патеката долга 10 километри во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, со што уште еднаш ги бранеше боите на Македонија на најголемата светска сцена.
-
Фудбал 12.02.2026 10:24
Македонската репрезентација вечер ќе ги дознае ривалите во Лигата на Нации
Во Брисел вечер од 18 часот ќе бидат извлечени групите за Лига на нации сезона 2026/7.
Македонската репрезентација се наоѓа во четвртиот шешир сегмент -Б заедно со репрезентациите на Шведска, Северна Ирска и Косово, против кои не можеме да се падне.
-
Кошарка 12.02.2026 10:14
Крај на историската низа, Леброн без Ол-НБА тим
Поради артритис на левото стапало, 41-годишната НБА ѕвезда, Леброн Џејмс официјално остана без можност да го достигне минималниот праг од 65 одиграни натпревари, услов за избор во Ол-НБА тимовите и останатите големи индивидуални награди.
-
Тенис 12.02.2026 10:06
Ѓоковиќ го откажа настапот во Доха
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се откажа од настап на претстојниот турнир во Доха поради прекумерен замор, објавија организаторите.
Ѓоковиќ ја почна новата сезона со пласман во финалето на Австралија опен во кое загуби во четири сета од првиот светски тенисер Карлос Алкараз од Шпанија.
-
Фудбал 11.02.2026 10:51
Репрезентацијата до 16 години ќе гостува во Малта
Националниот тим предводен од селекторот Иљами Исејни во кон средината на овој месец ќе патува за Малта каде со соодветната селекција ќе одигра два контролни натпревари.
За овие две средби кои се на програмата на 14 и 16 февруари, селекторот повика 21 играч.







