Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд може да ја продолжи кариерата во Барселона, тврди „Sport.es“.
Спорт
-
Фудбал 15.10.2024 14:38
-
Кошарка 15.10.2024 11:48
Суспендирани и казнети двајца играчи поради инцидентот на истанбулското дерби
Кошаркарот на Фенербахче, Тарик Биберовиќ и играчот на Ефес, Илајџа Брајант се казнети и суспендирани на еден натпревар поради инцидентот што го направија на истанбулското дерби во второто коло од Евролигата.
-
Фудбал 13.10.2024 21:01
Македонската репрезентација ја совлада Ерменија
Македонската фудбалска репрезентација ја совлада вечерва Ерменија во Ереван со 2-0 (0-0) и со трите бодови го обезбеди првото место во групата Ц4 и пласманот во Б дивизијата во Лигата на нации од следната сезона.
-
Фудбал 11.10.2024 12:00
Македонија оствари сигурна победа против Летонија
Македонската фудбалска репрезентација оствари важна победа (0:3) на гостувањето кај Летонија и останува на првата позиција во својата група од Лигата на нации.
-
Тенис 10.10.2024 12:21
Рафаел Надал најави крај на кариерата
Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, на социјалните мрежи објави дека на крајот од сезоната ќе стави крај на професионалната кариера. Последниот турнир на Шпанецот ќе биде финалето на Дејвис купот во Малага, во ноември.
-
Фудбал 09.10.2024 11:31
Руни под истрага на Фудбалската федерација на Англија
Англиската фудбалска асоцијација (ФА) поведе три постапки против тренерот на Плимут, Вејн Руни за навреди и насилно однесување кон официјални лица на натпреварот против Блекбурн.
-
Тенис 09.10.2024 08:55
Ѓоковиќ постави рекорд по процент на освоени натпревари на Мастерс турнирите
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по пласманот во четвртото коло на Мастерсот во Шангај постави рекорд по процент на добиени натпревари на турнирите од оваа категорија – 82,02 %.
Ѓоковиќ победи на 406 натпревари, а загуби 89. Претходниот рекорд му припаѓаше на Рафаел Надал – 82% (410:90).
-
Тенис 08.10.2024 10:17
Осака поради повреда се повлече од турнирот во Токио
Поранешната најдобра светска тенисерка, Јапонката Наоми Осака, се повлече поради повреда од ВТА турнирот во Токио, објавија организаторите денеска, една недела пред почетокот на турнирот.
-
Фудбал 08.10.2024 10:14
Без Трајковски за дуелите против Летонија и Ерменија, неизвесен и Чурлинов
Македонската фудбалска репрезентација ги почна мини подготовките во Скопје за претстојните натпревари на гостински терен против Летонија и Ерменија во рамки на Лигата на нации.
-
Фудбал 08.10.2024 09:38
Едерсон си заминува од Манчестер сити
Пари Сен-Жермен е заинтересиран за голманот на Манчестер сити, Едерсон, пренесува „Daily Mail“.







