Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот на фудбалери за последните средби од Лигата на нации против Летонија (14 ноември) и Фарски острови (17 ноември), кои ги играме на домашен терен.
Спорт
-
Фудбал 06.11.2024 13:44
-
Тенис 05.11.2024 13:51
Ѓоковиќ се повлече од завршниот АТП турнир поради повреда
Новак Ѓоковиќ нема да ја брани титулата на завршниот АТП турнир оваа сезона.
-
Фудбал 05.11.2024 09:27
Гоце Седлоски е нов тренер на Вардар
Гоце Седлоски и официјално е нов тренер на Вардар, откако раководството на „црвено-црните“ одлучија токму поранешниот капитен на репрезентацијата на Македонија да биде новиот, четврти предводник од клупата за клубот оваа сезона.
-
Кошарка 05.11.2024 08:33
Грег Попович се повлекува од клупата на Сан Антонио поради здравствени проблеми
Легендата на светската кошарка и НБА, Грег Попович, поради здравствени проблеми се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио, а познато е и кој ќе го замени.
На негово место на неодредено време, на клупата на НБА тимот ќе седи помошникот Мич Џонсон.
-
Фудбал 04.11.2024 14:06
Захариевски повеќе не е тренер на Вардар
Срѓан Захариевски до денес не е шеф на стручниот штаб на ФК Вардар. Информацијата претпладнево ја објавија „црвено-црните“ на социјалните мрежи.
-
Формула 1 04.11.2024 09:22
Верстапен го сруши рекордот на Шумахер
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен успеа да го сруши рекордот на Михаел Шумахер по поминати денови на лидерската позиција во поредокот во Формула 1 шампионатот.
-
Тенис 04.11.2024 09:20
Алкараз и Ѓоковиќ назадуваа за по едно место на АТП листата
Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ назадуваа за по едно место на АТП листата. Алкараз испадна во осминафиналето на Мастерсот во Париз, а Ѓоковиќ не играше на турнирот кој го освои минатата сезона. На тронот во Париз, по убедливата победа над Уго Имбер го наследи Александар Зверев.
-
Ракомет 01.11.2024 08:13
Прва победа на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампиони
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го совлада данскиот противник Фредериција на гостински терен со 25-23 и со тоа ја забележа првата победа во Лигата на шампиони во последните две сезони.
-
Останати спортови 30.10.2024 16:36
Министерот за спорт Борко Ристовски се сретна со црногорскиот колега Драгослав Шќекиќ
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари билатерална средба со министерот за спорт и млади на Република Црна Гора, г-дин Драгослав Шќекиќ и со членови од неговиот кабинет.
-
Ракомет 30.10.2024 11:50
Лазаров повика 20 ракометари за натпреварите со Естонија и со Литванија
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2026.
Нашата сениорска селекција ќе одигра два квалификациски натпревари против Естонија и Литванија.







