• Свет 11.06.2022 10:52

    Четири лица се повредени во напад со нож на универзитетот во Германија

    Четири лица се повредени во напад со нож на Универзитетот Хам-Липштад во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. Осомничениот е уапсен, а од жителите во тој реон било побарано да не се движат на местото каде што се случил нападот. Не е позната здравствената состојба на повредените.

  • Свет 11.06.2022 10:42

    Зеленски: Полска и Франција со силна поддршка

    Од почетокот на целосната инвазија на Русија, се појави „политичка и безбедносна хемија“ во односите со полскиот претседател Дуда и британскиот премиер Џонсон вели украинскиот претседател. Според Зеленски, комуникацијата на различни нивоа меѓу трите земји се гради на основа на доверба.

  • Свет 11.06.2022 10:38

    Штутгарт: Прв случај на мајмунски сипаници меѓу американски војници

    Американската воена база во Штутгарт го потврди првиот случај на мајмунски сипаници во американската армија.

  • Свет 10.06.2022 09:55

    Зеленски: Санкции против руските лидери

    Претседателот на Украина Зеленски потпиша указ за воведување лични санкции на руските лидери, вклучително и претседателот Путин, сите министри, членови на руската влада и Советот за безбедност и портпаролот на Кремљ, Песков.

  • Свет 10.06.2022 09:04

    Утре парламентарни избори во Франција

    Французите утре гласаат на парламентарни избори на кои сојузниците на претседателот Макрон сакаат да го задржат мнозинството, но се повеќе се загрозени од новата левичарска коалиција.

  • Свет 10.06.2022 09:02

    Трамп обвинет за обид за државен удар

    Доналд Трамп раководел со минатогодишниот напад на Капитол во обид за државен удар, беше соопштено на сослушувањето во Конгресот.

    Приврзаниците на Трамп упаднаа во конгресот на 6-ти јануари 2021, кога требаше да се потврди изборната победа на Џо Бајден.

  • Свет 10.06.2022 08:59

    Загинати во пукање во фабрика во Мериленд

    Ново масовно пукање во Америка. Во фабрика во Мериленд, биле застрелани и убиени неколку луѓе. Според информациите, напаѓачот „повеќе не е закана“. Тој бил застрелан и ранет во конфликт со полицаец од државата Мериленд, по што бил хоспитализиран. Неговата состојба не е позната.

  • Свет 09.06.2022 14:59

    Шумски пожар во Шпанија

    Шумскиот пожар на југот на Шпанија.

    2.000 луѓе се евакуирани од центарот во Андалузија. Тројца пожарникари се повредени. Во гаснењето на огнената стихија учествуваат речиси илјада пожарникари, воен персонал и екипи за поддршка.

  • Свет 09.06.2022 14:51

    Британците без глас во државите-членки на ЕУ

    Европскиот суд на правдата реши, британските граѓани кои живеат во ЕУ немаат право да гласаат или да се кандидираат на општинските избори во земјата-членка на живеење, освен ако не добијат европско државјанство.

  • Свет 09.06.2022 14:44

    Бенет на средба за иранската нуклеарна програма

    Израелскиот премиер Нафтали Бенет во ненадејна посета на Обединетите Арапски Емирати, откако напорите да се спаси договорот за иранската нуклеарна програма беа блокирани поради продлабочувањето на судирот со Техеран.

Pages