Велика Британија најави дека ќе ги испрати своите први проектили со долг дострел во Украина. Министерот за одбрана Валас изјави дека доколку меѓународната заедница продолжи со поддршката, Украина може да победи.
-
Свет 06.06.2022 09:41
-
Свет 05.06.2022 12:32
Нови лажни дојави за поставени бомби во Србија
Нови дојави за бомба во Србија. Овој пат, цел на лажните предупредувања беа аеродромот „Константин Велики“ и трговски центри во Ниш и во Нови Сад.
-
Свет 05.06.2022 10:28
Најмалку две лица загинаа во невреме во Хавана
Најмалку две лица загинаа, а околу 40 станбени згради се оштетени во поплавите во главниот град на Куба.
Поради силната бура од центарот на Хавана се евакуирани околу 400 луѓе, а самоиницијативно погоденото подрачје го напуштиле околу 2.000 луѓе.
-
Свет 05.06.2022 10:24
Северна Кореја повторно тестираше балистички ракети
Јужнокорејската армија соопшти дека Северна Кореја истрелала „непознат“ проектили, додека јапонската Влада тврди дека Пјонгјанг лансирал балистички проектил.
Ракетната проба се случува само еден ден откако САД и Јужна Кореја ги завршија воените вежби во Филипинското Море.
-
Свет 05.06.2022 10:14
Голем шумски пожар околу Атина
Поради голем шумски пожар беа евакуирани јужните предградија на Атина. Изгореа многу објекти и возила, а поради респираторни проблеми неколку лица беа хоспитализирани.
-
Свет 05.06.2022 10:03
Лавров: Политиката на НАТО ќе заврши лошо
Повторно се огласија сирените за воздушни напад во Украина. Руските сили напредуваат во Донбас. Северодоњецк е под нивна контрола, но украинската војска и натаму пружа силен отпор.
-
Свет 04.06.2022 13:48
Британската полиција поради сомнителен пакет го евакуираше плоштадот „Трафалгар“ во Лондон
Британската полиција денеска соопшти дека накратко го евакуирала лондонскиот плоштад „Трафалгар“, кој се наоѓа во близина на местото каде што подоцна ќе има прослава за одбележување на платинестата годишнина на кралицата Елизабета Втора.
-
Свет 04.06.2022 12:40
Иран ветува итен одговор на секој чекор на Запад против него
Иранското МНР се закани – ќе одговориме на секој потег од САД и Европа против него во рамките на Меѓународната агенција за атомска енергија.
-
Свет 04.06.2022 12:29
Напад во болница во Јужна Калифорнија
Напад во болница во Калифорнија. Со нож се прободени тројца медицински работници се прободени во болницата на булеварот „Вентура“ во Енсино.
Двете медицински сестри и лекарот се во критична состојба.
-
Свет 04.06.2022 10:13
Во железничка несреќа во Словачка повредени 74 лица
Во железничка несреќа во Словачка, што се случи синоќа во близина на општината Стречно, повредени се 74 лица, соопшти полицијата во текот на ноќта на социјалните мрежи.










