Кинеската војска соопшти дека извршила проверка на борбената готовност во морето и воздушниот простор, извршена деновиве, околу островот Тајван, што Кина го смета за нејзина територија.
-
Свет 01.06.2022 09:54
-
Свет 01.06.2022 09:54
Протести во Истанбул: „Ердоган ќе си замине“
Турската полиција се судри со демонстрантите во близина на главниот плоштад во Истанбул, Таксим, по повод годишнината од антивладините демонстрации пред девет години и приведе 170 лица.
-
Свет 01.06.2022 09:52
Петреус: Можно е над 20.000 руски војници да се убиени во Украина
Можно е над 20.000 руски војници да се убиени за време на конфликтот во Украина, изјави пензионираниот американски генерал Дејвид Петреус.
Тоа, според него, е многу повеќе од загубата во деветте години во Авганистан. На 25 март, русите тврдат дека загубиле околу 1.350 војници.
-
Свет 01.06.2022 09:51
Зеленски: Не планираме да ја нападнеме Русија
Киев не планира да ја нападне територијата на Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-
Свет 31.05.2022 20:44
Во Украина убиени повеќе од 4.000 цивили
Повеќе од 4.000 цивили се убиени за време на војната во Украина, соопшти Канцеларијата за човекови права на ОН.
-
Свет 31.05.2022 14:37
ЕУ: Делумно ембарго за руската нафта
Лидерите на ЕУ се договорија, нема да увезуваат седумдесет и пет насто руската нафта. Поради приговорот на Унгарија, забраната се однесува само на горивото што пристигнува по морски пат, но не и преку нафтоводите. Во моментов, 27% од нафтата и 40% од природниот гас на ЕУ доаѓаат од Русија.
-
Свет 31.05.2022 13:59
Експлодираа боци со пропан во фабрика за хемикалии во Омаха
Пожар во фабрика за хемикалии во Омаха. Експлодираа неколку големи боци со пропан.
Властите го евакуираа населението, илјадници домаќинства останаа без струја.
Не е издадено предупредување за ризик од токсични честички во воздухот. Во тек е истрага за причините за пожарот.
-
Свет 31.05.2022 13:47
Ураганот „Агата“ го погоди јужно Мексико
Ураганот „Агата“ предизвика поплави во јужно Мексико.
Невремето се формираше пред два дена како бура од втора категорија. Националниот центар за урагани прогнозира поројни дождови и во наредните денови.
-
Свет 31.05.2022 12:27
Зеленски: Ситуацијата во Донбас е исклучително тешка
Украинскиот претседател изјави дека Русија акумулирала максимална борбена моќ на армијата во Донбас. Рече дека ситуацијата останува исклучително тешка. Истакна и дека руските трупи го гранатирале Харков и регионот суми …
-
Свет 31.05.2022 11:39
30 кинески авиони влегоа во воздушниот простор на Тајван
Триесет авиони на кинеското воено воздухопловство од кои 20 ловци навлегле во зоната на тајванската противвоздушна одбрана, соопштија тајванските власти.










