Аеродромските работници во Франкфурт излегоа на штрајк, барајќи зголемување на платата од идната година и скратено работно време.
Протестот следуваше по нерешениот колективен спор околу работните услови на 600 вработени.
Аеродромските работници во Франкфурт излегоа на штрајк, барајќи зголемување на платата од идната година и скратено работно време.
Протестот следуваше по нерешениот колективен спор околу работните услови на 600 вработени.
„Ниедна земја нема да може да излезе од пандемијата со помош на довакцинација и таа не претставува зелено светло за прославите кои се планираат“, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус.
Првата рунда разговори за безбедносните гаранции со САД закажани за во јануари- соопшти рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров. Го повтори ставот на претседателот Путин дека Русија не сака војна и конфликти, но дека цврсто ќе ја обезбедат својата безбедност.
Светската здравствена организација регистрира благ пад на бројот на новозаразени и починати од коронавирус во светот. Значителен пораст на новозаболени е забележан во Африка. Според неделниот билтен на организацијата, расте бројот на случаи и во Западен Пацифик.
Рускиот претседател Путин повика на „сериозни“ разговори со НАТО за руските предлози за безбедносни гаранции што ги бара Москва, соопшти Кремљ.
Светската здравствена организација регистрира благ пад на бројот на новозаразени и починати од коронавирус во светот. Значителен пораст на новозаболените лица е забележан во Африка, 53 насто, каде што стапката на смртност е зголемена за 15 проценти.
Израел планира да стане првата држава на светот која на своите граѓани ќе им ја дава четвртата доза на вакцината против Ковид-19, додека очекува поголем број на заразени како резултат на ширењето на Омикрон.
Светската здравствена организација смета дека е премногу рано да се заклучи дека варијантата омикрон е поблага од другите видови на коронавирус. Организацијата додава дека сепак може да разболи доволно луѓе за да ги „преоптовари“ здравствените системи.
Властите во Нов Зеланд го одложуваат планираното постепено отворање на границите до крајот на февруари, поради Омикрон.
Куба вакцинираше над 90 насто од своето население со најмалку една доза од вакцината против коронавирусот. 83 насто се целосно вакцинирани.
Државата имунизирала повеќе граѓани против коронавирусот отколку повеќето најголеми и најбогати земји во светот.