Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ вели дека дронот што синоќа се урна во Загреб е од руско производство, но сè уште не се знае дали е од руската или украинската армија.
-
Свет 11.03.2022 14:40
-
Свет 11.03.2022 12:58
Руската офанзива се проширува во повеќе украински градови
Ни интензивните дипломатски обиди за мировно решение ниту санкциите не успеаја да ги прекинат воените дејствија во Украина. Руската армија ја проширува офанзивата. Властите на Мариупол тврдат дека градот бил изложен на артилериски удар на секои триесет минути.
-
Свет 11.03.2022 12:41
Европската Комисија ќе одлучува за кандидатскиот статус на Украина
Европскиот совет ги призна европските аспирации на Украина и ја поканил Европската Комисија да го достави своето мислење за доделување кандидатски статус. Ова го заклучиле лидерите на земјите членки на неформалниот Совет во Версај, Франција.
-
Свет 11.03.2022 11:41
Две години пандемија со Ковид-19
Над шест милиони починати од коронавирус во светот. Иако пријавените случаи и оние со смртен епилог се намалуваат на глобално ниво, пандемијата е далеку од завршена, укажуваат од СЗО.
-
Свет 11.03.2022 11:36
Северна Кореја употреби нови балистички интерконтинентални ракети
Северна Кореја тестираше нов интерконтинентален балистички проектил. Ким Јонг-Ун планира да се прошири и модернизира локацијата од каде што се извршуваат пробите за да неговата земја прерасне во, како што се наведува, „вселенска сила“.
-
Свет 11.03.2022 11:28
Беспилотно летало се урна во Загреб
Воено беспилотно летало се урна во Загреб синоќа пред полноќ. Во хрватскиот воздушен простор влегло од исток кон запад, односно од унгарскиот воздушен простор.
-
Свет 11.03.2022 09:52
Руската армија ја проширува офанзивата
Сателитските снимки покажуваат дека 64-километарскиот руски конвој кој од минатата недела се движеше кон Киев е растурен и разместен. Оклопните единици се забележани кај градовите во близина на аеродромот Антонов северно од престолнината.
-
Свет 11.03.2022 08:47
Руските напади се движат кон запад
Украинските ТВ станици известуваат за експлозии во Луцк на северозапад, како и во Днепар, град во внатрешноста на реката Днепар и главно упориште во централниот дел на источна Украина.
Ниту еден од овие градови досега не бил директно гранатиран.
-
Свет 10.03.2022 19:24
Нема производи од западни компании во Русија, населението низ Европа се подготвува за вонредни ситуации
Во руските градови нема повеќе западни производи. Хајнекен стана последната марка што ги прекина операциите во Русија откако Мекдоналдс, Кока Кола, Старбакс објавија дека ја прекинуваат работата.
-
Свет 10.03.2022 18:36
Путин: САД и Европа ги кријат сопствените грешки зад санкциите против Русија
САД се обидуваат да го измамат сопственото население криејќи се зад Русија, затоа што испораките на руска нафта за САД се незначителни, изјави рускиот претседател Владимир Путин.








