Во престрелка на авганистанските безбедносни сили, германски и американски војници со непознати напаѓачи на аеродромот во Кабул, бил убиен еден авганистански војник, а тројца биле ранети.
-
Свет 23.08.2021 10:05
-
Свет 20.08.2021 16:54
Средба Меркел- Путин, во фокус кризата во Авганистан
Меркел и Путин на средба во Кремљ пред заминување на германската канцеларка од функцијата. По бројните несогласувања, светските првенци повторно на масата. Причина за итните разговори во Москва е кризата во Авганистан.
-
Свет 20.08.2021 12:42
Воведен полициски час, Талибанците сѐ понервозни
Припадниците на Авганистанскиот Исламски Емират воведоа полициски час во Кабул. Објавија телефонски броеви во случај граѓаните да мора да излезат во време на забраната.
-
Свет 20.08.2021 11:40
Герб го врати мандатот за составување влада
Бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот за состав на бугарска влада на Даниел Митов од Герб, партијата втора по големина според претставниците во Националното собрание. Но, според претходно најавеното, Митов веднаш го врати мандатот.
-
Свет 20.08.2021 11:20
Пожарите во Калифорнија немаат крај
Големите пожари во американската држава Калифорнија уништија повеќе од 400 илјади хектари земја. Повеќе од десет големи пожари горат во Калифорнија, а многу луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.
-
Свет 20.08.2021 11:07
Модифицирана „Спутник В“ против делта сојот
Руските истражувачи објавија дека ја модифицирале вакцината „Спутник В“, која се користи повеќе од година дена, за употреба против позаразниот делта сој.
И останатите произведувачи во светот работат на модифицирање на своите вакцини за да бидат повеќе ефикасни против делта сојот.
-
Свет 20.08.2021 10:42
Австралија: Продолжен карантинот до крајот на септември
Карантинот во најголемиот австралиски град Сиднеј е продолжен до крајот на септември, додека властите се обидуваат да го прекинат ширењето на делта сојот.
-
Свет 20.08.2021 09:47
САД: Шест милиони долари за евакуација на авганистанските цивили
Шест милиони долари биле собрани за два дена по апелот за донации за итна евакуација на повеќе од 300 авганистански цивили за кои се смета дека се цел на Талибанците.
Меѓу бегалците имаадвокати за човекови правата, активисти, новинари, лица за врски со владата, уметници и преведувачи.
-
Свет 19.08.2021 13:32
Талибанците прогласија формирање Исламски Емират Авганистан
По 20 години, Талибанците повторно прогласија формирање на Исламски Емират Авганистан. Со земјата ќе владее врховен лидер и талибански совет, слично како во периодот од 1996 до 2001 година.
-
Свет 19.08.2021 12:17
Хезболах: Ирански танкер се движи кон Либан
Хезболах предупреди – ирански танкер се движи кон Либан, а Израел и САД не смеат да го пресретнат.
Со доставата на пратката со нафта, организирана од оваа либанска група, се прекршуваат санкциите за Техеран кои беа воведени по повлекувањето на САД од нуклеарниот пакт.








