Полицијата во Папуа Нова Гвинеја влезе во австралискиот бегалски затвор на островот Манус, обидувајќи се да ги исфрли оние кои одбиваат да си заминат доброволно. Педесетина бегалци го напуштија кампот со автобуси, но 330 не сакаат да одат надвор поради опасноста од напади од локалните жители.
-
Свет 23.11.2017 13:19
-
Свет 23.11.2017 12:33
Ердоган наскоро ќе ја посети Атина
Турскиот заменик- премиер Хакан Чавушоглу, најави дека претседателот Ердоган во наредните денови планира да ја посети Грција. Чавушоглу рече дека патувањето ќе биде многу важно за соработката помеѓу двете држави.
-
Свет 23.11.2017 11:49
Русија со контрамерки поради заканата од „Гугл“
Русија се закани со контрамерки поради акцијата на компанијата „Алфабет“, компанија- мајка на „Гугл“, која најави дека со посебни алгоритми ќе го оневозможува пристапот со „Спутник“ и „Раша Тудеј“ поради ширење на пропаганда.
-
Свет 23.11.2017 11:40
Еквадор го прекори Асанж за поддршката за Каталонија
Властите на Еквадор побараа од основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да прекине со политички изјави, кои би ги нарушиле нивните односи со други држави.
-
Свет 23.11.2017 10:28
Младиќ: Ова беше само прво полувреме
По изрекувањето на првостепената пресуда во Хашкиот трибунал, Ратко Младиќ изјави дека до крајот на животот ќе се бори за откривање на вистината за борбата на Србите.
На својот син со кого имал кратка средба по изрекувањето на пресудата, му кажал дека ова било само првото полувреме.
-
Свет 22.11.2017 15:43
Политичка криза во Германија: Продолжуваат консултациите со партиите
Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер денеска ги продолжи консултациите со претставниците на најголемите партии, по што треба да реши дали ќе назначи нов мандатар или ќе распише нови избори во Ггерманија.
-
Свет 22.11.2017 15:32
Реакции на пресудата за Ратко Младиќ
Судењето и пресудата на Ратко Младиќ во Србија се следеше со големо внимание, реакциите се различни, а се огласи и српскиот претседател Алксандар Вучиќ кој изјави дека пресудата е очекувана.
-
Свет 22.11.2017 15:20
Објавена снимка од бегство на севернокорејски војник
Командата на Обединетите нации под водство на САД, објави видеоснимка од бегството на севернокорејскиот дезертер преку границата со Јужна Кореја. Од снимките се гледа како војниците од територијата на Северна Кореја пукаат во него и го гонат, додека јужнокорејските војници го спасуваат.
-
Свет 22.11.2017 14:42
Хашкиот трибунал пресуди: Доживотен затвор за Ратко Младиќ
По речиси четири години судски процес, Хашкиот трибунал пресече- доживотен затвор за поранешниот генерал на босанските Срби, Ратко Младиќ. Вина е констатирана за десет точки од обвинението. За последната точка, којашто се однесува на геноцид во седум општини во источна Босна, е ослободен.
-
Свет 22.11.2017 12:47
Емерсон Мнангагва - наследник на Мугабе
Поранешниот потпретседател на Зимбабве, Емерсон Мнангагва ќе положи заклетва како шеф на држава откако досегашниот лидер Роберт Мугабе, поднесе оставка.










