• Свет 30.05.2018 12:21

    Отстранет импровизиран мигрантски камп

    Француската полиција отстрани импровизиран мигрантски камп на североистокот на Париз, во кој беа сместени 1.500 лица. Кампот, познат и како „Милениумски шаторски камп“ се наоѓал на периферијата на француската престолнина.

  • Свет 30.05.2018 12:02

    Одложено формирањето италијанска Влада

    Одложено е формирањето преодна италијанска влада составена од независни технократи откако мандатарот Карло Котарели не му го достави списокот со министри на претседателот Серџо Матарелa.

  • Свет 30.05.2018 11:32

    Лавров утре во посета на Северна Кореја

    Рускиот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров утре ќе престојува во официјална посета на Северна Кореја, каде со својот севернокорејски колега Ри Јонг-хо ќе разговара за ситуацијата на Корејскиот Полуостров, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

  • Свет 29.05.2018 14:19

    Терористички напад во Лиеж

    Двајца полицајци и еден случаен минувач се убиени во центарот на Лиеж, град во источна Белгија, во престрелка со напаѓач кој земал жена како заложник. Уште двајца припадници на безбедносните сили се повредени. Напаѓачот е ликвидиран. Властите сметаат дека се работи за тероризам.

  • Свет 29.05.2018 12:50

    Поранешен директор на ММФ ќе ја спасува Италија

    Италија пред предвремени избори по одлуката на претседателот Серџо Матарела за именување на поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, Карло Котарели за преоден премиер чијшто приоритет ќе биде подготовката за новото гласање и за државниот буџет.

  • Свет 29.05.2018 12:30

    Три жртви во престрелка во Лиеж

    Двајца полицајци биле убиени во центарот на Лиеж, источна Белгија во престрелка со напаѓач кој претходно држел жена како заложник. Третата жртва е напаѓачот чии мотиви и причина за нападот за сега не се познати.

  • Свет 29.05.2018 11:47

    Сирија ќе претседава со конференцијата за разоружување

    Сирија го презема ротациското претседателство со Конференцијата на Обединети нации за разоружување, која преговара за забрана на употреба на хемиско оружје.

    На секои четири недели раководи земја- членка на ОН, а претседателите се менуваат по азбучен ред.

  • Свет 29.05.2018 11:27

    Земан ќе го предложи вторпат Бабиш за премиер

    До средината на јуни, чешкиот претседател Милош Земан планира по вторпат да го именува бизнисменот Андреј Бабиш за премиер.

  • Свет 29.05.2018 10:16

    Средба Трамп- Абе пред самитот со Ким Јонг-Ун

    Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со јапонскиот премиер Шинзо Абе пред самитот со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. САД и Јапонија бараат трајно откажување од нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје на владата на Пјонгјанг, како и програмата за балистички ракети.

  • Свет 28.05.2018 15:40

    ЕУ воведе построги правила за пластична амбалажа

    Европската унија воведе построги правила за пластична амбалажа. Со најновата стратегија за отпад на Комисијата, европските маркети се должни сите пластични производи да ги заменат со поеколошки.

Pages