Жртви и повредени во вооружен напад во градот Ранчо Техама во Калифорнија. Напаѓачот пукал по жртвите по случаен избор, по што бил убиен од полицијата.
-
Свет 15.11.2017 11:43
-
Свет 15.11.2017 11:33
Поплави во јужниот дел на Грција
Поројните дождови предизвикаа поплави во јужниот дел на Грција. Според последните информации на грчките медиуми, во поплавите загинаа две лица. Противпожарната служба добила повеќе од 160 повици за помош откако биле поплавени повеќе домови и автомобили во градот Мегара.
-
Свет 15.11.2017 10:20
Зимбабве: Опсада на државната телевизија, претседателот Мугабе во домашен притвор
Војници го зазедоа седиштето на државна телевизија во Зимбабве откако одекнале неколку експлозии во центарот на главниот град Хараре. Се претпоставува дека се спроведува државен удар врз 93-годишниот претседател Роберт Мугабе кој е веќе приведен заедно со сопругата.
-
Свет 14.11.2017 16:57
Пукотници во близина на пристаништето во Ница
Непознато лице отворило оган врз минувачите во близина на пристаништето во францускиот град Ница.
Полицијата го обиколила местото на нападот, но не успеала да го запре напаѓачот, кој истрелал неколку куршуми. Во нападот немало жртви ниту повредени.
-
Свет 14.11.2017 15:34
Авганистан: 67 загинати во судири меѓу Талибанците и полицијата
Авганистанската полиција соопшти дека во текот на минатата ноќ талибанските борци нападнале петнаесетина нејзини контролни пунктови во покраината Кандахар, при што биле убиени 22 полицајци.
-
Свет 14.11.2017 13:37
Мадрид ја обвинува Москва за вмешаност во каталонскиот референдум, Кремљ остро демантира
Официјален Мадрид тврди дека одредени групи од Русија ги искористиле социјалните мрежи за организирање на каталонскиот референдум за независност со цел да ги дестабилизираат Шпанија и Европската унија. Откриена е серија од лажни профили, од кои 50% биле од Русија, а 30% од Венецуела.
-
Свет 14.11.2017 13:03
Иран: Веќе не се трага по преживеани во земјотресот
Запрени се спасувачките операции во иранските региони кои беа разурнати од потресот од 7.3 рихтери во кој настрадаа над 450 луѓе. Жртви и повредени има и во Ирак.
-
Свет 14.11.2017 11:39
Снежен бран го зафати Балканот
Студено време со снежни врнежи го зафати северозападниот дел на Балканскиот Полуостров. Снегот предизвика проблеми во сообраќајот во Словенија, Хрватска и БиХ, а за Црна Гора е издаден „црвен“ метео аларм.
-
Свет 14.11.2017 10:41
Меј: Велика Британија и сојузниците заедно ќе се борат против активностите на Русија
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека Велика Британија и нејзините сојузници, заедно ќе се борат против активностите на Русија, кои според неа, претставуваат закана за меѓународниот поредок.
-
Свет 14.11.2017 09:51
Мадрид ја обвинува Москва за вмешаност во каталонскиот референдум
Официјален Мадрид тврди дека одредени групи од Русија ги искористиле друштвените мрежи за организирање на каталонскиот референдум за независност со цел да ги дестабилизираат Шпанија и Европската унија. Откриена е серија од лажни профили, од кои 50% биле од Русија, а 30% од Венецуела.










