Конзервативната Хрватска демократска заедница, ХДЗ, освои најмногу пратенички места на парламентарните избори. Но, гласачите повторно, на ниту една партија не и дадоа јасно мнозинство да формира влада.
-
Свет 12.09.2016 10:41
-
Свет 12.09.2016 10:15
Хилари Клинтон на лекување поради пневмонија
Медицинскиот тим на демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон соопшти дека таа има воспаление на белите дробови. Откако изгуби свест на комеморацијата по повод 15 годишнината од терористичките напади во Њујорк, Клинтон ја откажа кампањата во Калифорнија.
-
Свет 09.09.2016 15:21
Спасени патниците кои заглавија на жичницата над француските Алпи
Спасени се сите патници кои останаа заглавени на жичницата над француските Алпи поради технички дефект во системот. Со хеликоптери им беа доставувани храна, вода и ќебиња на оние кои не беа евакуирани во првата група од 65 лица.
-
Свет 09.09.2016 14:56
Поплави во Грција: Човечки жртви, поплавени домови, оштетени патишта
Човечки жртви, поплавени домови и објекти, уништени автомобили, оштетени патишта и шестмесечна вонредна состојба во северна Грција и на Пелопонез. Ова го оставија зад себе големите поплави предизвикани од обилниот дожд во Грција.
-
Свет 09.09.2016 12:38
Осуда од светските лидери за последниот нуклеарен тест на Пјонгјанг
Северна Кореја призна дека успешно ја извршила петтата нуклеарна проба само неколку часа откако беше регистриран потрес од 5,3 Рихтери. Во соопштението објавено на државните медиуми се нагласува дека целта на тестот е отпор кон непријателствата на САД.
-
Свет 09.09.2016 12:31
Шпанија: Воз излета од шини, најмалку две жртви
Најмалку две лица загинаа откако воз излетал од шините во северозападна Шпанија.
Во моментот на несреќата во возот од Португалија имало 60 патници.
Спасувачките екипи се на терен.
-
Свет 09.09.2016 11:54
45 луѓе заглавени на жичница над француските Алпи
45 луѓе останаа заглавени во жичница над француските Алпи поради технички дефект во системот. Спасувачките екипи со хеликоптери им доставуваат храна, вода и ќебиња.
-
Свет 09.09.2016 11:51
Турција продолжува со чистката
10.000 наставници во Турција се суспендирани поради сомневање за поврзаност со Работничката партија на Курдистан. Турските власти досега отстраниле вкупно 11.500 наставници кои, според Министерствоto за образование, ги поддржуваат и ограноците на сепаратистичката терористичка организација.
-
Свет 09.09.2016 10:32
Заканата од тероризам во светот е сѐ поголема
Светот денеска е помалку безбеден и со повеќе терористички закани отколку во 2001-та кога 2.977 луѓе загинаа во нападите на 11-ти септември во Њујорк и Пентагон.
-
Свет 08.09.2016 14:58
Поплави во Грција: Вонредна состојба во регионот на Солун и на Пелопонез
Грција прогласи вонредна состојба во регионот на Солун и на Пелопонез, откако земјата беше погодена од големи поплави како последица на обилниот дожд, при што загинаа четири лица, а едно исчезна.










