Средбата Обама-Дуерте е откажана поради навредите кои филипинскиот претседател му ги упати на својот колега од САД. Го предупреди да не се меша во стратегијата, нарекувајќи го „кучкин син“, Револтиран од сомнежот на Обама за методите коишто се користат против криминалците на Филипините.
-
Свет 06.09.2016 12:31
-
Свет 06.09.2016 12:09
Клинтон: Загриженост поради докази за вмешаност на Русија во изборите во САД
Демократскиот кандидат за претседател на Соединетите Американски Држави, Хилари Клинтон изрази загриженост поради докази за вмешаност на русија во претстојните избори, алудирајќи на хакирањата на електронската пошта од демократскиот национален одбор.
-
Свет 06.09.2016 11:11
Исламска држава стои зад петте напади во Сирија
Најмалку 40 луѓе загинаа во нападите во Сирија. Еден од нив целел кон руската воена база контролирана од сириската влада.
Исламска држава ја презеде одговнорноста за петте експлозии во Тартус, Хомс, Хасака и Дамаск.
Повеќето напади биле извршени со експлозиви во возила.
-
Свет 06.09.2016 10:57
Над 20 загинати и 90 повредени во серија напади во Кабул
Три експлозии во еден ден во Кабул. Загинаа 24 луѓе, а 90 беа ранети. Бомбаш самоубиец активира експлозив во камион по што следеше престрелка од околу еден час.
-
Свет 06.09.2016 10:40
Расправа за нов референдум за членството на Обединетото Кралство во Европската Унија
Британскиот парламент расправа за втор референдум за членството во Европската Унија поради петицијата која доби потпис од 4,1 милион државјани на Обединетото Кралство.
-
Свет 06.09.2016 10:13
Протести за затворање на бегалскиот камп „Џунгла“ во Франција
Неколку сектори во Франција ги блокираа патиштата во северниот дел на земјата, со барање да се затвори кампот за бегалци во Кале, познат како „Џунгла“.
-
Свет 05.09.2016 14:59
Јапонија ќе ги релоцира своите компании ако има негативни последици од Брегзит
„Јапонија ќе ги преземе потребните мерки за да ги заштити своите компании од последиците на Брегзит“, изјави генералниот секретар на јапонската Влада, Јошихиде Суга.
-
Свет 05.09.2016 14:05
Сирија: 38 загинати во напад на Исламска држава
Најмалку 38 луѓе загинаа во неколку силни експлозии во делови под контрола на сириските власти во близина на градовите Хомс, Дамаск и Тартус, во кои цел биле владини и воени објекти.
-
Свет 05.09.2016 12:43
ИД ја загуби последната територија на сириско- турската граница
Исламска држава ја загуби последната територија на сириско-турската граница која ја освоија сириските бунтовници со поддршка од Турција.
-
Свет 05.09.2016 12:24
Колумбиската Армија за национално ослободување нападна и оштети нафтовод
Левичарската револуционерна група „Армија за национално ослободување“ изврши напад врз нафтовод во источниот дел на Колумбија. Нафтената компанија „Екопетрол“ се обидува да го запре истекувањето за да не се уништи животната средина.










