САД потврдија дека го извеле воздушниот напад чија цел бил портпаролот на Исламска држава, Ал Аднани, но не и дека го убиле.
Агенција на Исламска држава објави дека Аднани бил убиен додека ги надгледувал операциите против воената кампања во Алепо.
САД потврдија дека го извеле воздушниот напад чија цел бил портпаролот на Исламска држава, Ал Аднани, но не и дека го убиле.
Агенција на Исламска држава објави дека Аднани бил убиен додека ги надгледувал операциите против воената кампања во Алепо.
Британската влада денеска ќе одржи прва седница по летниот одмор, околу заедничкиот договор за пристапот на Лондон кон Брисел во преговорите за заминување од Европската унија.
Канцеларката Ангела Меркел призна дека Германија реагирала предоцна и покрај многубројните докази за бегалска криза.
Во интервју за весникот „Зидојче Цајтунг“, Меркел изјави дека проблемот им го препуштила на Шпанија и на другите земји да се справуваат со нив.
Поради пробивањето на безбедноста на аеродромот во Франкфурт беа одложени повеќе летови.
Делови од Терминалот 1 се евакуирани откако патник влегол во ограничената зона, без претходно во цлеост да ја мине безбедносната проверка на еден од најпрометните аеродроми во Европа.
Над 10 лица загинаа во североисточна Јапонија во тајфунот што предизвика поплави. Девет лица починале во дом за стари и изнемоштени лица, а над 170.000 беа евакуирани.
Јапонската агенција за метеорологија издаде предупредување за поплави и лизгање на земјиштето.
Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп ќе оди во посета на Мексико. На својот профил на Твитер, напиша дека со нетрпение ја очекува средбата со претседателот Пена Њето.
Европската работна група ја повика владата во Атина да приврши со спроведување на мерките од кредиторите потребни за траншата од 2,8 милијарди евра, со што би се решил грчкиот долг до крајот на годината.
Групата забележала „мал“ напредок во реализацијата на 15-те препишани мерки.
Работниците во фабриката за Кока-Кола во Син, близу до францускиот пристаништен град Марсеј, открија 370 килограми кокаин во контенјер, испратен од Јужна Америка, изјави обвинителот на Марсеј, Ксавие Тарабо.
Во јавноста протече радиска комуникација во која се откриваат планови за напад врз авионот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на денот кога беше извршен обидот за воен удар. Според транскриптот, пилотите кои учествувале во пучот на 15 јули планирале да го соборат претседателскиот авион.
Лидерот на демократите во американскиот Сенат, Хари Рид, бара ФБИ да истражи дали Русија е вмешана во американските избори, вклучувајќи ја и можноста за фалсификување на изборните резултати.