• Свет 12.11.2014 19:11

    Мисијата е успешна: „Филе“ се спушти на кометата

    Мисијата е успешна! Леталото Фили отвори нова страница во човековата вселенска одисеја. Сондата, по 7 часовен лет го изведе првото меко слетување на површината на комета во полна брзина. Во 16 часот и 5 минути по Гринич одекна аплауз во контролната просторија во Дармштат.

  • Свет 12.11.2014 18:49

    Русија го засилува присуството во меѓународниот воздушен простор

    Москва покажува мускули во меѓународен воздушен простор. Руски бомбардери за долги летови ќе патролираат од Арктикот до Карибите и Мексиканскиот Залив. На Крим ќе се формира обдранбена група поради заканата од НАТО, соопшти министерот за одбрана.

  • Свет 12.11.2014 18:45

    Жена бомбаш самоубиец се разнесе на колеџ во Нигерија

    Жена бомбаш самоубиец се разнесе во колеџ во нигерискиот град Котагора. Бомбата експлодирала само неколку секунди пред жената да влезе во хала полна со ученици. Не е познат бројот на загинати, но очевидци известуваат за четири парчосани тела.

  • Свет 12.11.2014 18:38

    Азербејџанската војска собори ерменски воен хеликоптер

    Азербејџанската војска соборила ерменски воен хеликоптер Ми-24 за кој тврди дека летал во нејзин воздушен простор. Загинале сите тројца пилоти.

  • Свет 12.11.2014 18:35

    Прв пат во историјата сонда се спушта на комета

    Мал чекор за една вселенска сонда, голем за човештвото. Во секој момент се очекува потврда дали лендерот „Фили“ ќе ја допре површината на кометата 67П.

  • Свет 12.11.2014 16:47

    Шешељ од денес на условна слобода во Белград

    Хашкиот притвореник Воислав Шешељ од денес е на условна слобода во Белград. Лидерот на радикалите кој боледува од рак, по 12 години притвор и гаранциите на српската влада, од хуманитарни причини пуштен е во Белград, под услов да се појави на изрекувањето на пресудата.

  • Свет 12.11.2014 13:56

    Шешељ пречекан од толпа приврзаници во Србија

    Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, пристигна на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.  По 12 години минати во затворот Шевенинген, Шешељ е привремено пуштен од Хашкиот трибунал поради влошената здравствена состојба.

  • Свет 12.11.2014 13:50

    Џихадистите на ИДИЛ ќе пуштат во оптек сопствена валута

    За неколку недели џихадистите од Исламска држава ќе пуштат во оптек сопствена валута. Монетите ќе бидат од злато и сребро, соопшти „Дејли мејл“.

  • Свет 12.11.2014 13:48

    Амбициозен договор на САД и Кина

    Најголемите светски загадувачи САД и Кина со амбициозен договор за намалување на штетните гасови во атмосферата. Обама и Џипинг на саемот во Пекинг се договорија двете земји да го намалат испуштањето на јаглен диоксидот во атмосферата. 

  • Свет 12.11.2014 10:29

    Одбележан Денот на ветераните во САД

    Со завршувањето на мисијата во Авганистан до крајот на оваа година ќе се зголеми и бројот на американски ветерани. Американските војници се исправени пред нов предизвик со операцијата против Исламската држава во Сирија и во Ирак.

Pages