-
Свет 17.11.2014 15:40
Камерон предупреди дека еврозоната може да се соочи со нов бран на рецесија
Британскиот премеир Дејвид Камерон предупреди дека Еврозоната може да се соочи со нова рецесија што би предизвикало голем удар за опоравувањето на британската економија. -
Свет 17.11.2014 12:31
Откриен нов вирус на птичји грип на фарма во Јоркшир
Откриено присуство на опасен вирус на птичји грип во Велика Британија на фарма за патки во Јоркшир. Од одделот за животна средина, храна и земјоделски работи ДЕФРА наведуваат дека постои сосема мал ризик луѓето да заболат од вирусот.
-
Свет 17.11.2014 11:55
Јоханис- нов претседател на Романија
Клаус Јоханис е новиот претседател на Романија со освоени 56 насто од гласовите, по вториот круг на претседателските избори, соопшти Државната изборна Комисија. -
Свет 17.11.2014 11:05
Меркел: Доколку е потребно ќе воведеме нови санкции кон Москва
Состојбата во Украина и евентуално воведување на нови санкции ќе биде главна тема на разговорите на денешната средба на министрите за надворешни работи во Брисел, ден по Самитот Г-20 во Бризбејн. -
Свет 17.11.2014 10:42
САД: Легализацијата на нелегалните имигранти- нов судир помеѓу Демократите и Републиканците
Нелегалните имигранти во Соединетите Американски Држави го губат трпението, па со протести пред Белата куќа побараа американскиот претседател Барак Обама да го исполни изборното ветување дека ќе добијат легален престој во Америка.
-
Свет 17.11.2014 09:09
Силен земјотрес во Нов Зеланд
Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтерова скала го погоди денеска Нов Зеланд, а Агенцијата за цивилна одбрана соопшти дека не постои опасност од цунами. -
Свет 16.11.2014 17:03
Џихадистите обезглавија уште еден Американец
Џихадистите обезглавија уште еден Американец – Питер Касиг, хуманитарец и ветеран на американската војска. Погубен е, иако за време на заточеништвото премина во Ислам и го зеде името Абдул Рахман.
-
Свет 16.11.2014 17:00
Самит на Г-20: Наместо приближување, поголема раздалеченост
Прашањата за економската криза и климатските промени, иако поставени како приоритетни на самиот во Бризбејн, беа фрлени во сенка поради кризата во Украина.
-
Свет 15.11.2014 18:52
Г-20: Сите против Путин во Бризбејн!
Економските проблеми во сенка на украинската криза и на самитот Г-20.
-
Свет 15.11.2014 13:58
МРТ меѓу домородните Американци: Враќање на традицијата за инспирација на младите генерации
Индијанците или домородните Американци како што повеќе сакаат да се нарекуваат младите генерации се уште се горди припадници на најстарите жители во Соединетите Американски Држави.










