• Свет 02.02.2015 13:00

    Поплави: Состојбата во западна Бугарија е алармантна

    Алармантна е состојбата  во западна Бугарија, откако обилните дождови предизвикаа излевање на неколку реки. Поплавите ги зедоа и првите жртви. Пет лица загинаа меѓу нив и едно дете,  а локалните власти соопштија и дека една жена е исчезната во близина на градот Петрич.

  • Свет 02.02.2015 12:49

    Египетските власти го ослободија новинарот Питер Гресте

    Египетските власти го ослободија од затвор и го протераа новинарот на Ал Џезира, австралијанецот Питер Гресте којшто беше заробен повеќе од една година поради наводна поддршка за Муслиманското братство.

  • Свет 02.02.2015 10:07

    Најмалку пет жртви во поплавите во Бугарија

    Во невремето и поплавите во Бугарија загинаа пет лица, меѓу кои и едно дете, а по една триесетгодишна жена се уште се трага, соопштија локалните власти.
     
  • Свет 01.02.2015 19:40

    Нема договор, немирите на истокот од Украина продолжуваат

    Повеќе од 19 луѓе загинаа во последните 24 часа во судирите меѓу украинската војска и проруските бунтовници. Меѓу загинатите има и цивили. 
     
    Разговорите во Минск кои се одржуваат вчера со посредништво на ОБСЕ завршија без постигнат договор. 
     
  • Свет 01.02.2015 19:34

    Шок по ликвидацијата на јапонскиот новинар

    Јапонската влада соопшти дека снимката од егзекутирањето на новинарот Кенџи Гото е автентична. Осуда за убиството пристигнуваат од политичарите од цел свет.  
     
  • Свет 01.02.2015 11:36

    Средба Ципрас- Јункер на 4-ти февруари во Брисел

    Новиот грчки премиер Алексис Ципрас на 4 февруари во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пренесува ТАСС, повикувајќи се на соопштение на грчката Влада.
     
  • Свет 31.01.2015 17:49

    Италија доби нов претседател

    Седумдесетитри годишниот уставен судијата Серџо Матерала е новиот шеф на државата. Матерала е избран во четвртиот круг на на гласање на двата дома на парламентот.

    Новиот шеф на државата има репутација на голем борец против мафијата. 

  • Свет 31.01.2015 17:07

    САД го враќаат влијанието во Европа

    Новата стратегија на Америка и Европа за обезбедување на мир на европскиот континент за да не се повтори ситуацијата како со Украина и спречување на руското влијание, е продолжување со проширувањето на Европската Унија и на НАТО.

  • Свет 31.01.2015 11:10

    Меркел: Не гледам можност за натамошно отпишување на грчкиот долг

    Не гледам можност за понатамошно отпишување на долгот на Грција, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, пренесуваат медиумските агенции.
     
  • Свет 30.01.2015 18:39

    Уште еден напад на полицајци во Истанбул

    Жена облечена во црно извадила калашњиков и трчајќи отворила оган врз полициски пункт на плоштадот Таксим во Истанбул. Ги погодила само полициските возила пред да ги фрли автоматската пушка и чантата – безбедносните камери ја снимиле како бега пеш.

Pages