-
Свет 29.01.2015 09:53
Ципрас против „ол инклузив“ во грчките хотели
Новиот грчки премиер Алексис Ципрас вети донесување на мерки за спас на економијата на земјата и призна дека неговата влада нема право на грешка, пренесе агенцијаат ЕФЕ. -
Свет 28.01.2015 17:42
Сеќавањата на трагедиите од минатото - од суштинско значење за градење на иднината на Европа
Под мотото „Поучени од минатото- учиме за иднина“, Европскиот парламент, европскиот Економски и социјален комитет и Европската еврејска заедница, во Брисел ја одбележаа 70- годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор Аушвиц.
-
Свет 28.01.2015 14:06
Студентите од Мексико убиени од нарко- банда
43-цата киднапирани студенти ги убила нарко-банда – според мексиканскиот министер за правда ова може да се тврди со правна извесност. Нивното исчезнување предизвика протести низ целата земја и криза на владата на претседателот Енрике Пења.
-
Свет 28.01.2015 12:53
САД: Ситуацијата со невремето се стабилизира, њујорчани се уште ја чекаат снежната луња
Ситуацијата во делови од САД се нормализира иако невремето и натаму трупа снег. Во сојузната држава Масачусец е повлечена забраната за патување, но невремето остави без струја речиси 35 илјади домаќинства.
-
Свет 28.01.2015 09:22
ИД: Ќе го убиеме Обама во Белата Куќа
Припадниците на Исламска држава денеска емитуваа три нови видео-снимки, во кои се закануваат дека ќе ги убијат јорданските и јапонските заложници, но упатија и директна закана дека ќе го обезглават американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа, јави телевизијата „Фокус њуз“. -
Свет 27.01.2015 16:39
Светот го одбележува Меѓународниот ден на жртвите од холокаустот
Во фабрика на смртта во Аушвиц згаснаа над милион животи, мажи, жени и деца најмногу од еврејската популација. Советите затекнале само 7.500 преживеани логораши коишто беа и единствените сведоци за злосторничкиот план за истребување на еврејскиот народ.
-
Свет 27.01.2015 15:56
Вонредна состојба во Њујорк поради снежното невреме
Градот што не спие ги затвори портите. Во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради историското снежно невреме. Невообичаено тивко е и во Менхетен, срцето на „Големото Јаболко“ – само службите за чистење снег и случајни минувачи.
-
Свет 27.01.2015 15:16
Заложничка драма во Либија
Вооружени напаѓачи упаднаа во луксузен хотел во дипломатскиот кварт во главниот град на Либија, Триполи. Убија петмина странски државјани и тројца припадници на обезбедувањето на „Коринтија“ и држат непознат број заложници.
-
Свет 27.01.2015 14:27
ЕУ: Закани за нови санкции за Русија
Шефовите на држави или влади на 27-тe земји-членки на Европската унија најавија заострување на санкциите против Русија, доколку Москва не ги осуди акциите на проруските сили и не почне со спроведување на договорот од Минск.
-
Свет 27.01.2015 14:10
Осум лица уапсени поради можна поврзаност со исламистички групи
Француската и белгиската полиција упасиле осум лица поради сомнение дека се поврзани со исламистичките групи.
Официјалните лица изјавиле дека имале сознанија дека групата планирала напади врз полицијата, а во нивните домови било пронајдено и оружје.










