Џихадистите урнаа сириски авион откако САД го изведоа првиот воздушен напад врз позиции на Исламската држава во близина на Багдад. Гаѓани биле и цели на ИДИЛ близу до градот синџар.
-
Свет 16.09.2014 17:24
-
Свет 16.09.2014 16:04
Украина и ЕУ склучија договор за асоцијација
За склучувањето на договорот за асоцијација 535 европратеници гласаа ЗА, 127 беа против и 35 воздржани. Веднаш по гласањето украинскиот претседател Пиотр Порошенко го потпиша Договорот, исто како и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.
-
Свет 16.09.2014 14:52
Поплави во Источна Србија: Една жртва, тројца исчезнати!
Дождот и понатаму незапира во Источна Србија, каде поради поплавите се загрозени над 1.000 домаќинства. Досега со хеликоптери, чамци и бродови евакуирани се 400 лица. Жителите бараат помош во вода и храна.
-
Свет 16.09.2014 11:26
Една жртва во поплавите во Србија, загрозени над 1.000 семејства
Во поплавите што ја зафатија општина Кладово на истокот на Србија загина постара жена во населеното место Текија, а загрозени се над 1.000 семејства. Таму ситуацијата е најтешка и во тек е евакуација со чамци и хеликоптери.
-
Свет 16.09.2014 11:22
САД испраќа војска за борба против еболата
САД со војска ќе се борат против епидемијата на ебола. Претседателот Барак Обама треба да го објави својот план за испраќање 3 илјади војници во Либерија.
-
Свет 16.09.2014 11:10
Договорот за асоцијација со Украина пред Европратениците
Украинскиот и Европскиот парламент треба да го ратификуваат договорот за придружување на Украина кон Европската унија.
-
Свет 16.09.2014 10:36
Шкотска- Обединето Кралство: Мелодрама пред разводот на векот
Британска мелодрама во шкотски Абердин. Два дена пред разводот на векот меѓу Шкотска и Обединетото Кралство, премиерот Камерон со говор без страст, а полн со патетика, се обиде да ги убеди Шкотите да гласаат „не“ на референдумот.
-
Свет 15.09.2014 19:31
Борбата со поплавите на Балканот продолжува
Продолжува борбата со поплавите на Балканот. Најкритично е на северозападот од Хрватска. Благодарение на брзата интервенција, избегната е катастрофа во Меѓумурје. Во Сисак се очекуваат два водни брана од Купа и од Сава, уште е опасно во Карловац.
-
Свет 15.09.2014 16:58
500 мигранти се удавија во Средоземното Море
500 африкански емигранти се удавија во водите на Средоземното Море во обид да стигнат до европскиот брег. Претоварениот брод потонал кај брегот на Либија, спасени се само 36 луѓе.
Годинава само до Италија успеаја да дојдат над 100 000 емигранти.
-
Свет 15.09.2014 16:55
Штрајк во Ер Франс - Откажани летови низ целиот свет
Најмалку половина од летовите на авиокомпанијата Ер Франс се откажани низ целиот свет поради еднонеделен штрајк на пилотите. Гневни се што компанијата префрла дел од дејноста кај нискобуџетните превозници за да се справи со конкуренцијата.










