• Свет 04.02.2015 13:54

    Aвстрија: Азилантите од Косово побројни од Сиријците

    Со 1.029 молби за азил во Австрија во јануари, жителите на Косово ги претекнаа и Сиријците (со 910 молби) кои што бегаат од војната во својата земја. На трето место се азилантите од Авганистан (622), потоа Ирак (286), пренесува Танјуг.

  • Свет 04.02.2015 13:35

    Авионски карамбол во Tајван

    „Мејдеј, мејдеј“ – биле последните зборови на пилотот на Транс Азија Ервејс пред ударот во мостот.

  • Свет 04.02.2015 13:31

    Порошенко се надева на оружје од САД

    Претседателот на Украина Петро Порошенко не се сомнева дека САД ќе испратат  оружје за да и помогнат на Украина во борбата со проруските сепаратисти во источниот дел на земјата.

  • Свет 03.02.2015 15:32

    Меѓународниот суд во Хаг ги отфрли тужбите на Србија и на Хрватска

    Меѓународниот суд на правдата во Хаг ја отфрли тужбата на Хрватска и противтужбата на Србија за геноцид на хрватска територија од 1991-1995 година. Според пресудата ниту Хрватска, ниту Србија не успеале да докажат дека спротивната страна направила геноцид.

  • Свет 03.02.2015 15:04

    Нова ескалација на судирите во Украина

    Хеликоптер и авион на украинската војска се соборени над Доњецк. Во изминатите 24 часа судири Украина изгубила уште 7 тенкови и 163 војници, тврдат самопрогласените народни власти, информација што не ја потврдува Киев. Во судирите загинале најмалку 16 цивили.

  • Свет 03.02.2015 14:32

    Франција: Уапсени осум лица за испраќање исламски терористи во Сирија

    Француската полиција уапсила осуммина поради учество во мрежа одговорна за испраќање исламски екстремисти во војната во Сирија.

    Според полицијата, уапсените не се поврзани со минатомесечните напади во кои беа убиени 20 луѓе.

  • Свет 03.02.2015 12:43

    САД: Санкциите за Русија – најдобар начин да се влијае

    Според САД, санкциите се најдобриот начин да се влијае врз Русија по повод украинската криза и дека со испраќањето оружје во Украина не би се решил проблемот.

  • Свет 03.02.2015 11:33

    Јункер ја поддржува измената на мисијата на „тројката“

    Претседателот на европската комисија Жан Клод Јункер ја подржува измената на мисијата на тројката кредитори во Грција. Новиот грчки премиер Ципрас сака да му стави крај на постојниот систем на надзор што го спроведуваат ММФ, Европската комисија и Европската Централа банка.

  • Свет 02.02.2015 16:20

    Критчна состојба: Западна Бугарија под вода

    Западна Бугарија под вода. Состојбата е алармантна, откако изобилните дождови предизвикаа излевање на неколку реки. Сепак, најкритично е на другата страна од земјата, во Бургас, Варна, Добрич, Хасково и Сливен.

  • Свет 02.02.2015 14:18

    Вашингтон го отфрли барањето на Раул Кастро

    Вашингтон го отфрли барањето на кубанскиот претседател Кастро за враќање на територијата на Куба, на која се наоѓа американската поморска база во Гвантанамо Беј, што е дел од напорите за унапредување на билатералните односи со Куба.

Pages