Бранот поплави на подрачјето на Прокупље полека почнува да стагнира и се упатува кон Житораѓа, каде е префрлен дел од силите на Секторот за вонредни состојби.Поради поплавите прогласена е вонредна состојба во Куршумлија, Лучани и Пожега.
-
Свет 20.04.2014 14:49
-
Свет 19.04.2014 14:30
Жртви во експлозија на бомба во Сирија
Најмалку 14 лица загинаа, повеќе од 50 се повредени во силна експлозија на автомобил бомба во близина на џамија во централниот дел на Сирија, дел под контрола на силите на режимот на Башар Ал Асад. Експлозијата се случила во момент кога верниците излегувале од џамијата по молитвата.
-
Свет 19.04.2014 14:27
„Специјален статус“ на рускиот јазик во Украина
Вршителот на должност претседател на Украина Турчинов и премиерот Јацењук ветија „специјален статус“ на рускиот јазик во Украина и широка децентрализација на властите, како обид да се завршат руските протести на истокот на земјата. Апелираа и до народот да се водржи од насилство.
-
Свет 19.04.2014 14:05
Поплави во Србија
Поради поплави е прогласена вонредна состојба во делови од западна Србија. Најзагрозена е областа околу Краљево. Иако во текот на ноќта врнежите од дожд престанале, ситуацијата сеуште е критична бидејќи дел од водата во реките не се повлекла.
-
Свет 18.04.2014 13:03
Шкотска ќе гласа за независност
По триста години, Шкотска можеби повторно ќе стане независна држава со сопствена управа и надвор од Велика Британија. Референдумот за независност е закажан за 18 септември. Исходот од овој референдумот може да отвори и многу други нерешени прашања во Европа.
-
Свет 18.04.2014 12:50
Ситуацијата во регионот на Доњецк крајно напната
Ситуацијата во регионот на Доњецк е крајно напната, а на украинско-руската граница мирна и спокојна, оценуваат набљудувачите на ОБСЕ по постигнатиот договор на четиристраната средба за Украина во Женева.
-
Свет 17.04.2014 15:30
Рaсте напнатоста во Украина
Судбината на земјата е се уште неизвесна.
-
Свет 17.04.2014 10:10
Студент закла петмина колеги
Во канадскиот град Калгари, студент со кујнски нож уби петтмина свои колеги за време на куќна забава по повод крајот на последниот семестар. -
Свет 17.04.2014 10:02
Сеуште трае потрагата по исчезнатите од потонатиот траект во Јужна Кореја
Родителите на исчезнатите ученици за кои се претпоставува дека се заробени во потонатиот траект во близина на брегот на Јужна Кореја, не губат надеж. Официјално до сега има 9 жртви, 174 се спасени, а 280 се водат како исчезнати, по коишто продолжува потрагата.
-
Свет 17.04.2014 10:01
Претседателски избори во Алжир
Во Алжир денеска се одржуваат претседателски избори на коишто фаворит е досегашниот шеф на државата Абделазиз Бутефлика. Повеќе од 260 000 полицајци денеска се распоредени низ целата земја за да обезбедат безбедно гласање за 23 милиони гласачи на 50 000 избирачки места.







