• Свет 07.10.2024 08:56

    Вонредна состојба во делови на Флорида

    Вонредна состојба во делови на Флорида откако бурата Милтон се зајакна во ураган од прва категорија и се очекува да стане закана по живот за западниот брег. На копното веќе се чувствува силниот ветер со јачина од 130 километри на час, а пикот на невремето се очекува меѓу вторник и среда.

  • Свет 07.10.2024 08:33

    Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Крит

    Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

    Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. Епицентарот се случил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.

  • Свет 07.10.2024 08:21

    Продолжува потрагата по исчезнатите во Долна Јабланица

    Во Долна Јабланица, местото најпогодено од поплавите во Босна и Херцеговина, се појави ново свлечиште на магистралниот пат М-17. Потрагата по исчезнати продолжи додека спасувачите со тешка механизација ги отстрануваат големите наноси земја, кал и камења.

  • Свет 07.10.2024 08:16

    Една година од нападите на Хамас врз Израел

    Една година од нападите на Хамас врз Израел, борбите на Блискиот Исток продолжуваат. Додека земјата им оддава почит на жртвите, милитантите од Газа истрелаа неколку ракети. Напади доаѓаат и од либанска страна. Хезболах го погоди северниот израелски град Хаифа.

  • Свет 05.10.2024 18:29

    Убиен функционер на Хамас

    Во израелски напад врз бегалски камп во северен Либан е убиен функционерот на Хамас, Саид Атала Али и неговото семејство. Нападот се случува еден ден откако друг израелски воздушен напад го отсече главниот автопат што го поврзува Либан со Сирија.

  • Свет 05.10.2024 13:10

    Села и градови целосно под вода, затрупани домови, над 20 жртви во поплавите во БиХ

    Села и градови целосно под вода, затрупани домови од свлечишта – стравотни слики го обиколуваат светот по катастрофалните поплави што погодија делови од Босна и Херцеговина. Расте бројот на загинати и повредени. Десетици лица сè уште се водат како исчезнати.

  • Свет 05.10.2024 11:29

    Трамп повторно ќе одржи митинг во Батлер, каде што беше пукан во јули

    Поранешниот претседател Доналд Трамп оваа сабота се враќа на местото каде што вооружен напаѓач се обиде да го убие во јули.

  • Свет 05.10.2024 09:57

    Расте бројот на загинати во катастрофалните поплави во БиХ

    Расте бројот на загинати во катастрофалните поплави кои погодија делови на Босна и Херцеговина. Десетици сè уште се водат како исчезнати. Силниот дожд и невремето предизвикаа големи поплави и одрони на подрачјето на Јабланица, Коњица, Фојница, Кисељак и Крешево.

  • Свет 04.10.2024 20:25

    Интензивирани нападите меѓу Израел и Хезболах

    Силни експлозии повторно го потресоа Бејрут. Израел ги засили воздушните напади против лидерите на Хезболах.

  • Свет 04.10.2024 13:37

    Катастрофални поплави во БиХ, расте бројот на загинати и исчезнати

    Расте бројот на загинати, повредени и исчезнати во катастрофални поплави во Босна и Херцеговина, предизвикани од обилните врнежи на дожд.

Pages