• Свет 19.06.2023 09:49

    ЕУ со поддршка од 20 милиони евра за египетската влада во справување со суданските бегалци

    Шефот за надворешна политика на Европската унија, Борел, објави распределба на 20 милиони евра за помош на египетската влада да се справи со приливот на Суданци кои избегаа од војната и преминаа во Египет.

  • Свет 19.06.2023 09:42

    Украинската контраофанзива напредува на југ

    Украинскиот претседател, Зеленски, тврди дека ниту еден од системите за воздушна одбрана „Патриот“ не е уништен од руските сили. Контраофанзивата напредува на југ. Според украинските власти, во текот на една недела се реализирани повеќе од сто групни воздушни напади врз непријателските позиции.

  • Свет 19.06.2023 09:40

    Протестен марш на Србите на северот на Косово

    По новите апсења и инциденти, за денеска е закажан протестен марш на Србите на северот на Косово, во 13 часот. И натаму е во сила забраната за премин на стока на административните премини.

  • Свет 18.06.2023 14:56

    Дијалогот Белград-Приштина во ќорсокак

    Не запира острата реторика на релација Белград-Приштина. Српскиот претседател тврди дека Курти сака војна по секоја цена и има поддршка од одредени западни земји. Според Вучиќ, нема разговори додека не бидат ослободени сите уапсени Срби.

  • Свет 18.06.2023 11:53

    Бајден го одржа првиот митинг од кампањата за реизбор

    Американскиот претседател Бајден го одржа првиот митинг од кампањата за реизбор. На собирот истакна дека неговата политика отворила работни места и ја подигнала средната класа. Според него, сега е време богатите да го платат својот дел во даноците.

  • Свет 18.06.2023 11:36

    Путин го обвини Киев за војната во Украина

    Рускиот претседател Путин уште еднаш ги обвини властите во Киев за тековниот конфликт во Украина. Говорејќи на состанокот со африкански лидери, Путин ја префрли вината за почетокот на конфликтот уште во 2014 година.

  • Свет 18.06.2023 11:01

    Блинкен во дипломатска мисија во Пекинг

    Државниот секретар Антони Блинкен допатува во Пекинг во висока дипломатска мисија за да се обиде да ги смири тензиитe меѓу САД и Кина.

  • Свет 18.06.2023 10:03

    Србија: Мирна ноќ по поплавите, се санираат штетите

    Дежурните екипи во Србија ја следат состојбата на терен. Ноќта помина мирно, но и натаму во сила е вонредна состојба во 56 градови и општини. Се санираат штетите по невремето и поплавите.

    Евакуирани се над 300 лица. Патиштата се оштетени, водата однесе мостови и предизвика одрони.

  • Свет 17.06.2023 15:14

    Русија ги испорача првите нуклеарни ракети во Белорусија

    Европа доби нова нуклеарна сила. Русија ги испорача првите нуклеарни ракети во Белорусија. Станува збор за оружје се мали нуклеарни боеви глави и систем за испорака наменети за употреба на бојно поле или за ограничен удар.

  • Свет 17.06.2023 11:55

    Блинкен: Подобра комуникација меѓу САД и Кина

    Непосредно пред да тргне во Пекинг, државниот секретар на САД Ентони Блинкен ја нагласи важноста на САД и Кина да воспостават подобри линии на комуникација.

Pages