По апсењето на тројца припадници на косовската полиција, косовската влада донесе одлука да забрани влез на српска стока во Косово. За товарни, но и за празни камиони со српски регистарски таблици е забранет влез преку граничниот премин. Може да поминуваат само патнички автомобили.
-
Свет 15.06.2023 09:53
-
Свет 14.06.2023 19:12
Свечла: Србија киднапира тројца полицајци
Ескалираат тензиите меѓу Белград и Приштина. Министерството за внатрешни работи на Србија тврди дека во централниот дел на земјата се уапсени тројца косовски специјалци во полна борбена опрема. Според Белград, тие на српска територија влегле со возило преку алтернативен премин и продолжил пеш.
-
Свет 14.06.2023 13:14
Израелски напад врз Дамаск
Повреден сириски војник во израелски воздушен напад врз Дамаск. Противвоздушната одбрана ги пресретнала проектилите што Израел ги лансирал од Голанската висорамнина.
Ракетирањето трае со години и се врши врз цели што ги сметаат за поврзани со Иран.
-
Свет 14.06.2023 12:50
Брисел со нацрт-мерки за владата на Косово
Мирно на Косово по најновите тензии кои се подигнати на високо ниво, поради апсењето на еден од организаторите на протестите на Србите од 29-ти мај, во кои имаше повредени цивили и војници на КФОР.
-
Свет 14.06.2023 12:44
Тројца загинати во руски ракетен напад врз Одеса
Три лица се убиени, а десетина се ранети во руски ракетен напад врз Одеса. Биле употребени крстосувачки ракети од типот „Калибр“. Два од проектилите биле соборени од противвоздушната одбрана.
-
Свет 14.06.2023 11:43
Чин во телефонски разговор со Блинкен: Кинеско-американските односи се соочуваат со тешкотии
Кинескиот министер за надворешни работи, Чин Ганг, во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, рече дека односите меѓу двете земји се соочуваат со тешкотии и предизвици.
-
Свет 14.06.2023 11:12
Јапонија: Двајца убиени од војник кој пукал на воен полигон
Две лица се убиени откако млад војник отворил оган со автоматска пушка на воен полигон во Јапонија. Трето лице е тешко повредено за време на инцидентот.
Уапсениот 18-годишен војник кој пукал од автоматската пушка го признал делото. Нема информации за мотивот.
-
Свет 14.06.2023 10:35
БиХ: Ученик застрела наставник во училиште во Лукавец
Едно лице е застрелано утрово во основно училиште во Лукавац кај Тузла откако ученик дошол со пиштол во објектот и барал вработени во училиштето. Тој застрелал еден наставник кој е во тешка состојба.
-
Свет 14.06.2023 10:15
Трамп се изјасни за невин во случајот со доверливите документи
Поранешниот претседател на САД, Трамп, се изјасни за невин по обвинувањата за незаконско чување на тајни државни документи. Судењето за аферата со доверливите материјали, по неговото заминување од Белата куќа, се одржа во Мајами.
-
Свет 14.06.2023 10:11
Жртви во Одеса
Три лица се убиени, а десетина се ранети во руски ракетен напад врз Одеса. Биле употребени крстосувачки ракети од типот „Калибр“. Два од проектилите биле соборени од противвоздушната одбрана.









