Нема изгледи дека ќе се зголеми минималната плата на 500 евра, велат од ССМ откако нивното барање го изнесоа пред Економско-социјалниот совет, но точката не беше на дневен ред.
-
Економија 30.07.2025 19:34
-
Економија 30.07.2025 12:49
Седница на Економско социјалниот совет
Во тек е седницата на Економско социјалниот совет. Според најавите на маса треба да биде анализата за базичната инфлација и потребата од донесување на мерки, но и новата владина методологија за пресметување на потрошувачката кошница.
Александра Велинова известува.
-
Економија 30.07.2025 12:29
Нема промена во цената на парното, сметките остануваат исти
Сметките за парно нема да се зголемат. Продолжуваат да важат актуелните цени се до донесување на нова одлука, одлучија регулаторите.
-
Економија 30.07.2025 12:02
НБ: Каматните стапки остануваат непроменети
Се задржува внимателниот пристап при водењето на монетарната политика, каматните стапки остануваат непроменети, велат од народната банка. Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 5,35 проценти, а на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 3,95 отсто и 4 отсто.
-
Економија 30.07.2025 10:55
„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата, економскиот раст останува приоритет
Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ во најновиот извештај го потврди кредитниот рејтинг на земјата ББ-со стабилен изглед, што воедно е потврда и за политиките на Владата што ги води, а претставува и значаен сигнал за инвеститорите при носење на нивните одлуки за инвестирање.
-
Економија 30.07.2025 08:51
Денеска седница на Економско-социјалниот совет
Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница, а на неа се очекува да се разговара за минималната плата, порастот на цените на основните прехранбени производи и за потрошувачката кошница.
-
Економија 29.07.2025 18:54
Средба на министерката Божиновска со гувернерот Славески
На работната средба на министерката за енергетика, Сања Божиновска, со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се разговараше за тековните енергетски проекти и нивните финансиски импликации врз компаниите и економијата.
-
Економија 29.07.2025 17:36
Утре седница на Економско-социјалниот совет, ССМ бара зголемување на минималецот
„Просечната плата треба да биде уште поголема, продолжуваме да работиме во таа насока“, уверува премиерот Мицкоски, откако Заводот за статистика измери дека во мај, просечната нето-плата изнесувала 45 илјади 796 денари, за 11 проценти повисока споредено со истиот месец лани.
-
Економија 29.07.2025 12:53
Платите растат, но тоа не е доволно, вели Мицкоски
Бруто и нето просечната плата растат за повеќе од 11 проценти, покажаа податоците на Статистика. Но, и тоа не е доволно, вели премиерот Мицкоски. Утре ќе има седница на Економско-социјалниот совет. Сојузот на синдикатите ќе бара зголемување на минималецот. -
Економија 29.07.2025 10:37
Поништен тендерот за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз
Министерството за транспорт го поништи тендерот за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење, откако надлежната Комисија утврдила дека единствената пријавена компанија не ги исполнува условите од објавениот повик.









