Македонија ќе добие повластени тарифи од САД за над 60 стратешки производи, важни за нас – најави премиерот Мицкоски. Тој рече дека тарифата ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5 проценти.
-
Економија 12.02.2026 12:25
-
Економија 12.02.2026 09:23
Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто
Вкупниот број на туристите во земјава лани бил поголем за 6 % во однос на 2024 година. Кај странските туристи има зголемување од 10,3 %, а кај домашните намалување од 2,2 %, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Економија 12.02.2026 08:01
Сојузот на синдикати на протест пред коморите за повисоки плати
Сојузот на синдикати продолжува со протестите за зголемување на минималецот на 600-ни евра. Напладне 21 синдикалец ќе застанат пред Стопанската комора и одново ќе побараат повеќе пари на сметките на работниците.
-
Економија 11.02.2026 16:57
Утре протест пред коморите за повисоки плати
Сојузот на синдикати ќе ја блокира Стопанската комора на Македонија, Организацијата на работодавачи и Бизнис-конфедерацијата, в четврток точно напладне. Како што најави претседателот на ССМ, ќе се испрати апел до газдите кои ги блокираат работниците сите изминати години.
-
Економија 11.02.2026 15:37
Муцунски од Париз: Поддршка за извозот на македонското вино
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Париз се обрати на настан за промоција на македонските вина, во рамки на работната посета на Франција.
-
Економија 11.02.2026 13:24
ССМ утре продолжува со протестите, најавена блокада пред Стопанската комора
Сојузот на синдикати утре продолжува со најавените протести за зголемување на минималната плата на 600 евра. По вчерашната блокада пред Собранието, утре ќе застанат пред Стопанската комора и одново ќе побараат повеќе пари на сметките на работниците.
-
Економија 11.02.2026 11:44
Девизните резерви во јануари зголемени за 675,3 милиони евра
Девизните резерви на крајот на јануари годинава изнесувале 5.600,5 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 675,3 милиони евра, објави Народната банка.
-
Економија 10.02.2026 18:54
Cavo Otomotiv планира инвестиција во ТИРЗ Тетово со над 400 нови работни места
Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски денеска оствари средба со Кемал Аманоел, главен менаџер на мултинационалната компанија Cavo Otomotiv, која планира отворање фабрика во рамки на ТИРЗ Тетово, инвестиција што би донела над 400 нови работни места.
-
Економија 10.02.2026 16:45
Протест на Сојузот на синдикати на Македонија со блокада на зградата на Собранието
„Доста ни се трошки сакаме плата“ е една од пораките на работниците кои протестираа пред законодавниот дом. Блокадата е одговор на заглавениот закон за зголемување на минималната плата – велат од ССМ. Не се исполни очекувањето минималната плата да се најде на дневен ред на собраниската седница.
-
Економија 10.02.2026 14:54
Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 4%
Извршниот одбор на Народната банка, на редовната седница одржана денеска, одлучи да ја задржи основната каматна стапка на постојното ниво, при што каматата на благајничките записи останува 4%.










