Платите на речиси 45 илјади вработени во реалниот сектор се зголемени во просек за 4.100 денари. По еден месец од воведувањето на мерката за субвенционирање придонеси, надлежните задоволни од нејзината искористеност. Мерката предвидува повисоки плати за 600 до 6.000 денари.
-
Економија 30.12.2019 13:57
-
Економија 30.12.2019 13:37
Поддршка за млади земјоделци од 10 илјади евра
Над 100 млади земјоделци ќе добијат по 10 илјади евра неповратна поддршка за нови и развивање на старите бизниси. Десет од нив веќе ги потпишаа договорите. Според бизнис- плановите парите ќе бидат наменети за набавка на опрема за преработка, за машини за добиток.
-
Економија 30.12.2019 12:36
Повисока цена на горивата од полноќ
Ден пред крајот на годината, Регулаторната комисија за енергетика ја направи новата пресметка за цената на горивата. Бензинот од 95 октани од ноќеска на полноќ поскапува за 1 денар и ќе се продава за 68,5 денари за литар.
-
Економија 30.12.2019 11:16
Од први јануари личниот доход се оданочува со една стапка од 10 отсто
Од први јануари ќе се применуваат измените на Законот за данок на личен доход со кои се става во мирување примената на прогресивниот данок на личен доход.
-
Економија 27.12.2019 10:04
Закуп на земјоделско земјиште
Земјоделците кои сакаат да инвестираат во насади, рибници или спортско-рекреативни активности во руралните средини, можат да аплицираат на огласот кој ќе трае до 13 –ти јануари в година. Парцелите се поголеми од 3 хектари и се наоѓаат во регионот на Свети Николе.
-
Економија 26.12.2019 14:43
Промовиран регистар на имоти одземени поради долг
Сите информации за продажба на одземени станови, деловен простор и земјиште на едно место. Агенцијата за катастар на недвижности промовира регистар на преземен имот наменет за продажба.
-
Економија 26.12.2019 11:09
Заев најави јавен повик за ХЕЦ Чебрен
Премиерот Зоран Заев најави објава на повик за реализација на проектот за изградба на хидроелектраната Чебрен откако на следната седница на Владата в сабота ќе заврши административниот процес.
-
Економија 25.12.2019 15:16
Помали бирократски бариери за поголем профит
Помали бирократски бариери за слободен проток на стоки и услуги, хармонизирање на регулативите и сертифицирање, бара бизнисот за поголема трговска соработка меѓу Северна Македонија и Србија. Предизвик за сите во регионот е прашањето за човечкиот кадар.
-
Економија 25.12.2019 14:15
Скриените трошоци поголеми од даночните оптоварувања
Парафискалните трошоци, товар за бизнисот. Коморите предупредуваат дека скриените, неданочни давачки во континуитет се зголемуваат во изминативе 10 години, компаниите губат пари, но и време поради долги административни процедури кои, според бизнисот се непотребни и застарени.
-
Економија 25.12.2019 10:42
Почна повратот на персоналецот за земјоделците
До 31-ви декември годинава скоро 17.000 земјоделци ќе добијат поврат на персоналниот данок за остварениот приход во 2018 година исклучиво од продажба на примарно производство.







