Голем број печалбари се вратија да ја дочекаат Новата година дома, а туристите ги наполнија сместувачките капацитети на Баба Планина. Каква е атмосферата во Битола?
Таму е Ружица Ѓоршевска.
Голем број печалбари се вратија да ја дочекаат Новата година дома, а туристите ги наполнија сместувачките капацитети на Баба Планина. Каква е атмосферата во Битола?
Таму е Ружица Ѓоршевска.
Какво е расположението во градот под Марковите кули? Елизабета Митреска известува од Прилеп.
Екипите на Македонската телевизија ќе ја пренесуваат атмосферата низ државата во текот на целиот ден. Атрактивниот Охрид како и секоја година е преполн со гости.
Дали е раздвижено во главниот туристички центар, известува Соња Рилковска.
Некои земји веќе прославија, но во Македонија сè уште се прават подготовки за најлудата ноќ. Иако, во главниот град забавата веќе почна во дел од кафеаните. Каква е атмосферата во центарот на Скопје?
Марија Котовска е на плоштадот „Македонија“
Жителите на пацифичката островска држава Кирибати први ја испратија старата и дочекаа новата 2026 година. Последните минути ги одборјува и Австралија. Пристаништата во Сиднеј преполни.
Боливиските рудари се судрија со полицијата, на осмиот ден од уличните протести во Ла Паз против укинувањето на субвенциите за гориво, што доведе до зголемување на цените на бензинот.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во новогодишната честитка оцени дека 2025-та година ќе остане запаметена по драматичните глобални промени, војните, кризите и ослабеното меѓународно право.
На 30.12.2025 година по преземени оперативно тактички мерки од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на ул. „192“ на подрачје на Бит Пазар во Скопје пронајдени и одземени се околу 6.000 различни парчиња на пиротехнички средства.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска упати новогодишна порака до граѓаните, посакувајќи им здравје, мир, добрина и љубов.
Земјоделците во цела Грција од денеска до петок нема да ги блокираат автопатиштата и граничните премин, со што сообраќајот овие три дена ќе се одвива непречено со цел да се олесни патувањето на граѓаните за Нова година, додека пак в недела, на состанок ќе се донесат одлуки за следните чекори.