Маркерот со кој се обележуваа палците на граѓаните за време на гласањето се исфрла од употреба. Уставниот суд донесе едногласна одлука со која оваа законска одредба се смета за противуставна.
Вести
-
Македонија 11.02.2015 15:24
-
Македонија 11.02.2015 14:59
Водата во Штип е безбедна за пиење
Водата во Штип е безбедна за пиење и престанува да важи забраната за нејзино користење.
-
Економија 11.02.2015 14:56
Во АВРМ формиран Совет на работодавачи
Во Агенцијата за вработување е формиран Совет на работодавачи, кои ќе учествуваат во креирање на политиките за вработување, работни места и работна сила.
Советодавното тело ќе биде филтер на сите мерки на Агенцијата за вработување пред нивната примена на пазарот на трудот.
-
Македонија 11.02.2015 14:48
Софијанова: Подготвена сум да поднесам морална одговорност и да се повлечам од комисијата
Подготвена сум да поднесам морална одговорност како член на Второстепената комисија на Фондот за здравство и да се повлечам од таа функција- изјави директорката на Детската клиника, доктор Аспазија Софијанова на брифингот со новинарите.
-
Македонија 11.02.2015 14:42
Собранието го изгласа законот за трансформација во редовен работен однос
Собранието го изгласа законот за трансформација на работниот однос на околу 3 до 4 илјади хонорараци, вработени на договор на дело и волонтери во јавниот сектор.
-
Економија 11.02.2015 14:40
Британска „Ендава“ почна со работа во Македонија
Британската компанија од информатичко- комуникацискиот сектор „Ендава“ отвори нови канцеларии во македонската метропола. Компанијата која развива софтвери, минатата година најави првична инвестиција од над 2 милиона евра во земјава и креирање 450 работни места.
-
Свет 11.02.2015 14:32
Над 200 мигранти загинаа во Средоземно море
Повеќе од 200 мигранти загинаа во Средоземното море, кога потонале чамците во коишто пловеле.
„Деветмина се спасени по 4 дена поминати на море. Другите 203 ги проголтаа брановите“, соопштија од Комесаријатот за бегалци.
-
Македонија 11.02.2015 14:20
Кривична пријава против поранешен директор на „Транс Велес“ и уште осум лица
Познати адвокати од Велес и Скопје и нивни блиски роднини се дел од осумтемина кои СВР Велес ги осомничи за Злоупотреба на службена должност.
-
Македонија 11.02.2015 14:00
Комисијата за заштита од дискриминација и ССМ потпишаа меморандум за соработка
Комисијата за заштита од дискриминација и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) потпишаа меморандум за соработка. Заедно ќе разменуваат искуства и ќе вршат едукација за намалување на дискриминацијата во приватниот сектор.
-
Свет 11.02.2015 13:55
Нафтата може да падне на 20 долари за барел?
Благиот пораст на цената на нафтата на светските берзи е времен и наскоро цената може да тргне во спротивна насока и да падне до нивото од 20 долари за барел. Ова предвидување на американската банка „Ситигруп“ го пренесува „Блумберг“.










