Најголемата вежба во регионот за заштита и спасување „ИПА Кампекс 2015“ ќе се одржи во Визбегово, во јуни годинава.
Во рамките на проектот на Европската унија земјава ќе биде домаќин на 500 учесници од земјите членки на Унијата.
Најголемата вежба во регионот за заштита и спасување „ИПА Кампекс 2015“ ќе се одржи во Визбегово, во јуни годинава.
Во рамките на проектот на Европската унија земјава ќе биде домаќин на 500 учесници од земјите членки на Унијата.
Владата излезе со план трајно да го реши статусот на над 3 илјади хонорарци, волонтери и вработени со договори на дело и на определено време во државните и во јавните институции.
Владата распиша оглас во кој преку јавно наддавање ќе понуди 100 објекти во државна сопственост со вкупна површина од 7 илјади 250 метри квадратни. Почетната цена на целиот пакет е околу 7 милиони денари.
Британската компанија од информатичко комуникацискиот сектор „Ендава“ отвори нови канцеларии во македонската метропола.
Компанијата која развива софтвери, минатата година најави првична инвестиција од над два милиони евра во земјава и креирање 450 работни места.
Изразувам целосна поддршка за брзо, ефикасно и транспарентно постапување на сите надлежни државни органи во утврдувањето на постоење на активности спротивни на уставно- правниот поредок и во санкционирањето на сторителите на кривични дела, се вели во писмената изјава на претседателот Ѓорге Иванов
Сточарите со една до 100 крави ќе добијат по 2.800 денари за животно. За повеќе, субвенцијата процентуално ќе се намалува.
За обележаните овци, по 1.000 денари и тоа најмалку за 30, а за сочувано женско јагне по 700 денари на возраст од 6 до 18 месеци до 31 октомври годинава.
Над 1.000 граѓани на Република Македонија се пријавија на конкурсот за прием на професионални војници во Армијата на Република Македонија, покажуваат податоците од подрачните единици на Министерството за одбрана.