Вонреден состанок на Владата на Мадрид поради најавата за референдум за независност на шпанската покраина Каталонија.
Вести
-
Свет 29.09.2014 13:33
-
Македонија 29.09.2014 13:18
Одложено судското рочиште за случајот Канчевска Милевска Шилегов
Одложено е за денеска закажаното судското рочиште по тужбата за навреда и клевета на министерката Елизабета Канческа Милевска против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
Причина се професионалните обврски на судијката, а рочиштето е презакажано за 5 ноември.
-
Македонија 29.09.2014 13:10
Двајца Македонци уапсении во Грција за шверц на цигари
Двајца Македонци се уапсени во Грција поради шверц на цигари. Тие планирале да прошверцуваат илјада кутии цигари, кои биле скриени во специјални прегради на нивниот автомобил.
-
Македонија 29.09.2014 13:06
Министерот Ивановски на Светскиот самит за информатички технологии во Мексико
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, учествува на Светскиот самит за информатички технологии 2014, кој од денеска до среда се одржува во Гвадалахара во Мексико.
-
Свет 29.09.2014 12:49
Сали Бериша повика на протести за соборување на владата
Лидерот на албанската десница, Сали Бериша, повика на протести за да се собори власта што ја предводи двоецот Рама – Мета.
-
Свет 29.09.2014 12:45
Новиот авганистански претседател Ашраф Гани положи заклетва
На свечена церемонија денеска во Кабул положи заклетва новиот авганистански претседател Ашраф Гани, кој доаѓа на власт непосредно пред повлекувањето на поголемиот дел странски војици кои се борат против Талибанците.
-
Свет 29.09.2014 12:42
Во Белгија започнува најголемиот судски процес против џихадисти
Под силно полициско обезбедување денеска почнува судски процес против 46 Белгијци кои се обвинети дека регрутирале борци за џихадистичките групи.
Ова е најголем судски процес против терористички организации во Белгија.
-
Свет 29.09.2014 12:40
Илјадници демонстранти го блокираа Хонк Конг
Хонг Конг под целосна блокада. Илјадници луѓе се уште се на улиците и покрај повикот на Владата да ги прекинат протестите. Издадена е наредба полицијата да се повлече.
-
Македонија 29.09.2014 12:22
Јавна расправа за нацрт уставните измени
Во 30-дневниот законски рок за јавна расправа по нацрт уставните измени предложени од Владата, пред Комисијата за уставни прашања последната од неколкуте дебати со учество на извршната власт и претставници од релевантни институции.
-
Македонија 29.09.2014 11:31
Гугл Стрит Вју почнува со снимање низ Македонија
Од денеска па се до 15-ти ноември „Гугл“ почнува со снимање на локации низ Македонија за да го подобри квалитетот на функцијата „Стрит Вју“ во рамки на апликацијата „Гугл мапс“.










