Изутрина избувна голем пожар во трговскиот центар во Штип. Во пожарот изгореле импровизираните тезги со картонска конструкција што се наоѓаат во холот.
Пламенот се подигнал и до кровната конструкција каде се евидентни оштетувања.
Изутрина избувна голем пожар во трговскиот центар во Штип. Во пожарот изгореле импровизираните тезги со картонска конструкција што се наоѓаат во холот.
Пламенот се подигнал и до кровната конструкција каде се евидентни оштетувања.
Воздушни напади на најголемиот гасен погон во Сирија. Воените сили предводени од САД ги интезивираат нападите.
Урната 20-метарската статуа на Владимир Илич Ленин на плоштадот на слободата во Харков. Инцидентот се случил по проукраинскиот марш на илјадници граѓани.
Австралискиот канцелар Вернер Фајман в среда ќе ја посети Украина на разговори за решавање на кризата.
Во Кабул денеска ќе биде инаугуриран Ашраф Гани, кој минатата недела официјално беше прогласен за победник на претседателските избори. Гани доаѓа на власт непосредно пред повлекувањето на поголемиот дел странски војици кои се борат против Талибанците.
Итна седница на шпанската влада. Главна тема е забрана за одржување на референдум за независност на Каталонија. Доколку судот одлучи дека одржувањето на референдумот е неуставно единствено што може да направи Артур Мас е да побара распишување на вонредни избори.
Идниот месец Платежната Агенцијата ќе објави нов оглас за користење на европските ИПАРД фондови.
Инвестиции за кои земјоделците се најмногу заинтересирани се набавка на трактори, опрема за лозови насад, ѓубрење и берба .
Паѓаат цените на роаминг – услугите. Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора ставаат потпис на Спогодбата со која, разговорите, СМС пораките и мобилниот интернет значително ќе поевтинат во наредниот период.
На телефонската линија за медицински совети за граѓаните 15123 во текот на изминатиов викенд имало вкупно 172 повика.
Сите граѓани добиле соодветна здравствена услуга преку здравствен совет, а на оние граѓани на кои им било потребно и соодветна симптоматска терапија.
На 9 октомври на сцената на Македонскиот народен театар ќе се претстави театарот Сан Карло, со изведба на концерт/омаж посветен на најголемиот неаполски тенор Енрико Карузо - „Легендарниот Карузо“.
Просветните работници нема да штрајкуваат. Ваква одлука донел Советот на СОНК по средбата со министерот за образование. Поинтензивни преговори и нивна завршница во позитивна насока до крајот на годината, е еден од заклучоците.