Повеќе од 130 години затвор добија сточарите и полицајците кои македонски добиток нелегално продавале во Албанија. Осум и пол години робија е нависоката санкција, а изречена е и една ослободнителна пресуда.
Вести
-
Македонија 26.09.2014 15:34
-
Свет 26.09.2014 15:04
Русија ќе го поддржи Ирак во борбата против Исламската држава
Шефот на руската дипломатија Лавров потврди дека Русија е подготвена да го подржи Ирак во борбата против Исламска држава, сооштија од руското МНР.
-
Свет 26.09.2014 14:59
Камион урна пешачки мост во Детроит
Во Детроит пешачки мост се урна над прометен автопат. Несреќата ја предизвикал камион кој си ја потценил височината и удрил во мостот.
Локалните медиуми известуваат за најмалку еден повреден, изнесен на носилка. Полицијата го затвори автопатот за сообраќај.
-
Свет 26.09.2014 14:43
Талибанците убија над 100 лица
Стотици талибански бунтовници нападнале округ во авганистанска провинција во близина на Кабул и за пет дена убиле десетици луѓе, соопштија локалните власти, кои стравуваат дека регионот ќе падне вo раце на бунтовниците.
-
Македонија 26.09.2014 14:29
Грчки државјани спречени да прошверцуваат девизи
За само една недела втор обид за шверц на девизи во Македонија. На граничниот премин Дојран запрени се двајца грчки државјани кои пренесувале речиси 140 илјади евра, во чекови и во готово. Нерезиденти можат да внесат девизи само во вредност од 10 илјади евра.
-
Економија 26.09.2014 14:19
За осум месеци, раст на индустриското производство за 4,3%
Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустриското производство во периодот јануари - август годинава во однос на истиот период лани е поголемо за 4,3%. Во август годинава, пак, во споредба со август 2013-та индустриското производство е поголемо за 1,3%.
-
Македонија 26.09.2014 13:37
Афера „Милка“: Пресуда за 31 лице
Пресуда за 31 едно лице од аферата „Милка“ обвинети се криумчарење на добиток од Македонија во Албанија. Највисоката казна е 8 години и 6 месеци, а за другите казните затвор се од ослободителна пресуда до 8 години.
14 лица од обвинетите се во Бегство, а 17 се во притвор.
-
Македонија 26.09.2014 13:32
Интерпол во потрага по Дениса!
Интерпол издаде телеграма со која се активира потрагата за македонката Дениса Маркоса, која што мистериозно исчезна при крстарењето на бродот на компанијата Серенисима во близина на Крит.
-
Македонија 26.09.2014 13:25
Вонредна седница: Владата носи пакет мерки против болеста син јазик
Вонредна седница на Владата на која ќе се донесат пакет мерки против болеста син јазик која ја заразува стоката особено во Источна Македонија.
-
Македонија 26.09.2014 13:19
Метео
Пред нас е викендот кој што ќе ни донесе подобрување на временската состојба во однос на денешната. Утре претпладне сеуште ќе има услови за слаби врнежи,околу пладне се очекува поголемо разведрување со сончеви периоди. Во текот на денот ќе преовладува претежно стабилно но и ветровито време.










