Тековно, без проблеми се спроведува гласањето во казнено поправната установа Затвор Куманово. Овде право на глас имаат 116 осудени и притворени лица.
Од избирачкото место информираат гласањето започнало навреме.
Тековно, без проблеми се спроведува гласањето во казнено поправната установа Затвор Куманово. Овде право на глас имаат 116 осудени и притворени лица.
Од избирачкото место информираат гласањето започнало навреме.
За година и половина, од парламентарните до локалните избори, во Прилеп се припоени дури 16 избирачки места кои имаат под 10 гласачи. Станува збор за населени места речиси без жители. Ова, според општинската изборна комисија, ја става општината во водечките во државава.
Струшкото јавно обвинителство оформи предмет за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од лице од Велешта, соопштија од Обвинителството.
Американскиот претседател се надева дека војната во Украина ќе биде решена пред Киев да има потреба од ракетите „Томахавк“. Време е да запре крвопролевањето и да се постигне мировен договор, му порача Трамп на Зеленски по состанокот во Белата куќа. Истата порака му е упатена и на Путин.
Привремена комисија во Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности, поврзани со извршување кривични дела против изборите и гласањето и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.
Хамас на Црвениот Крст му предаде останки на уште еден заложник. Израелските власти досега примија девет од вкупно 28 тела на заложници. Од Хамас тврдат дека процесот е забавен поради „технички потешкотии“ и недостиг на тешка механизација потребна за ископување на телата од урнатините.
Први денеска гласаат болните и немоќните, лицата во старските домови, затвореници и лицата во притвор.
Пријавени се околу 9 илјади болни и немоќни, што е повеќе од локалните избори во 2021-та година.
На полноќ почна изборниот молк, утре се гласа. На 8-те по ред локални избори, во трка над 300 кандидати за градоначалници и над 570 советнички листи. Ќе се гласа на 3 илјади 480 избирачки места во 80 општини и градот Скопје. Во 132 избирачки места се регистрирани помалку од десет избирачи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Најмалку едно лице е убиено, а десетици полицајци се повредени во протестите што синоќа избувнаа во Перу. Демонстрациите се насочени кон претседателот Хозе Хари, кој ја презеде функцијата пред само неколку дена.